20 Јуни, 2025
0.0279

МИНИСТРЕ САЛИ, КОМУНИКАЦИЈАТА СЕ СВЕДЕ ПРЕКУ МЕДИУМИ: Затоа преку медиумите бараме средба со вас, порача Комората на приватно здравство при ССК

Објавено во: Македонија 31 Август, 2022 14:46

Добивај вести на Viber

Комората на приватно здравство при ССК осто реагиа на изјавата на министерот за здравство Беким Сали кој денеска истакна дека проблемите во овој сектор се решаваат преку дијалог, а не преку протести.

-Ние како комора на приватно здравство при ССК уште во февруари при првиот протест на матичните лекари апелиравме и баравме средба со министерот во насока на решавање на проблемите со дијалог. И потоа баравеме уште неколку пати средба со него, но не добивме никаков одговор од него. Ниту ние прими, ниту не сослуша, а ние постојано инсистираме на решавање на проблемите со дијалог. Заедно со д-р Лилија Чолакова Дервишова, која е претседател на Здружението на матичните лекари, а воедно и наш потпретседател, веќе баравме, како што реков повеќе пати средба со министерот Сали. Средбата не се оствари сиве изминати месеци. Точката за капитациониот бод за матични лекари и матични стоматолози е поставена од наша страна на дневен ред на управен одбор во ФЗОМ уште на 27 јануари. Оттогаш до денес нема промени. Ние како комора на приватно здравство при ССК во моментов ги анализираме ризиците за приватните здравствени установи кои ќе настанат како резултат на енергетската криза оваа зима. Згаснувањето на повеќе од половина ординации на матични лекари ќе има многу поголемо негативно влијание врз пациентите, отколку протест од три дена кој е обид за слух на министерот. Министре, бидејќи комуникацијата се сведе преку медиуми, ние иасто така јавно преку медиуми бараме итна средба со вас, изјави за Фактор д-р Тања Дејаноска, претседател на комора на приватно здравство при ССК.

Инаку, денеска министерот Сали Министерот за здравство Беким Сали не го поддржува најавениот штрајк на матичните лекари од 5 до 7 септември, бидејќи, според него не може преку пациенти да се бојкотира работа и да се даваат повици за масовно земање упати и терапии.

– Од самиот почеток кога пристапив во функцијата, првиот состанок го одржав со матичните лекари, бидејќи сметам дека се многу важен столб во здравствениот систем. Комуникацијата со нив е во континуитет, се среќаваме за различни теми, како што е ковид, но и реформа во примарната здравствена заштита – изјави денеска министерот одговарајќи на прашање на денешниот настан во ГОБ „8 Септември“.

Според Сали, незадоволствата треба да се решаваат на маса со конкретни предлози кои ќе бидат разгледани и дискутирани.

Анита Буховски


Можеби ќе ве интересира

СДСМ OБЈАВИ 19 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

СДСМ OБЈАВИ 19 КАНДИДАТИ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ: Герасимовски во Центар, Александар Трајановски во Аеродром

ГРЧКИ МЕДИУМ: Двајца капачи се удавија во морето, жена од Македонија и српски државјанин

ГРЧКИ МЕДИУМ: Двајца капачи се удавија во морето, жена од Македонија и српски државјанин

НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Maкедонка пријавила дека партнерот ја тепал

НА ОДМОР ВО ГРЦИЈА: Maкедонка пријавила дека партнерот ја тепал

ДОБИЈА 30 ДЕНА ПРИТВОР: Нино Васев и Нехат Нухи одат во Шутка поради случајот Онкологија

ДОБИЈА 30 ДЕНА ПРИТВОР: Нино Васев и Нехат Нухи одат во Шутка поради случајот Онкологија

ИМАЛО ДИСЦИПЛИНСКИ ПРЕКРШУВАЊА: Предложено е разрешување на обвинителот Мустафа Хајрулахи и казна за Јован Цветановски

ИМАЛО ДИСЦИПЛИНСКИ ПРЕКРШУВАЊА: Предложено е разрешување на обвинителот Мустафа Хајрулахи и казна за Јован Цветановски

МЕРКО Е ВИНОВЕН И ТРЕБА ДА ПЛАТИ 10 ИЛЈАДИ ЕВРА: Струшкиот суд донесе пресуда за градоначалникот на Струга

МЕРКО Е ВИНОВЕН И ТРЕБА ДА ПЛАТИ 10 ИЛЈАДИ ЕВРА: Струшкиот суд донесе пресуда за градоначалникот на Струга

Уапсено уште едно лице, го криел пиштолот на Палчо со кој се егзекутирани Вања и Панче

Уапсено уште едно лице, го криел пиштолот на Палчо со кој се егзекутирани Вања и Панче

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

Петрушевски: Тепачката од Кочани е план за дестабилизација направен во Дубаи меѓу Заев и Филипче, целта е да се сее страв пред избори

„ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ПАЛЧО“: Адвокатот на Палевски, Јовица Страшески вели ОЈО не доставило доказ за да се докаже вината кај него, бара ослободување

„ОСЛОБОДИТЕЛНА ПРЕСУДА ЗА ПАЛЧО“: Адвокатот на Палевски, Јовица Страшески вели ОЈО не доставило доказ за да се докаже вината кај него, бара ослободување