МИНИСТРИ ОД СДСМ И ДУИ ВИДЕНИ ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ - се крчка ли нова владина коалиција
Објавено во: Македонија 20 Јули, 2020
Во услови кога лидерот на СДСМ Зоран Заев објави дека е на одмор и дека ќе користи слободни денови уште околу една недела, можно е, во позадина, сепак да се водат преговори со ДУИ околу составување на новата Влада.
Според сознаија на Фактор, двајца министри од Демократската унија за интеграција, како и еден министер од редовите на СДСМ и еден директор на државна институција, исто така од редовите на Социјалдемократскиот сојуз, заедно со еден член на Алијанса, биле видени во минатиот петок во еден познат скопски локал.
Станувало збор за релаксирана пријателска атмосфера, а тие неофиоцијално изјавиле дека станува збор за неформално кафе пиење на доскорешни колеги, кои своевремено добро соработувале.
Дали е на повидок старо-нова владина коалиција, засега останува во сферата на шпекулациите.
Најверојатно попрецизни информации ќе има кога на преговарачите ќе им завршат одморите.
Во меѓувреме, порталот Алмакос објави дека ДУИ го моли СДСМ да ја формираат новата Влада заедно. Во текстот објавен од Алмакос, се наведуваат детали од наводните комуникации со извори од двете партии.
Извори од ДУИ за Алмакос рекле дека нивното барање за прв премиер Албанец е само политички маркетинг. Според овој извор, за ДУИ било важно да биде дел од Владата и без премиер Албанец, доколку не се чепнат неколку од управите коишто би влијаеле на поделби во партијата.
Од друга страна, извори од СДСМ за Алмакос реклер дека ДУИ веќе ги започнала контактите за формирање на Владата и дека ги објавиле барањата во врска со формирање на новата Влада, а тоа се оваа партијада добие Министерството за финансии, гувернер на Народна Банка и Генералштабот.
Но, сето ова се само најави, бидејќи ќе бидат потребни уште многу состаноци за да се искристализираат сите поделби на места на новите евентуални владини партнери.
Н.Н.Ф.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.