Министрите за земјоделство од регионот се заложија за поголема контрола на млекото и сточната храна
Објавено во: Агробизнис
05 Март, 2013
Добивај вести на Viber
Зголемување на контролите на сточната храна и млекото во регионот, подигање на нивото на хигиенските услови во складиштата каде се чува сточната храна, подобра комуникација помеѓу стручните инспекциски служби.
Тоа се главните заклучоци од средбата на министрите за земјоделство од регионот, што се одржа денеска во Белград, посветена на безбедноста на храната и проблемот со зголемената количина на афлактосин.
На состанокот присуствуваа министрите за земјоделство на Македонија, Љупчо Димовски, Србија, Горан Кнежевиќ, Хрватска, Тихомир Јаковина, на Република Српска, Мирослав Миловановиќ и министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина Мирко Шаровиќ.
„Ова беше многу конструктивен состанок, на кој разгледувавме повеќе теми од областа на безбедноста на храната. Разговаравме и за проблемот со зголемената количина на афлатоксин кој не е само регионален туку и поширок проблем. Меѓутоа, македонското законодавство е прилагодено на законодавството на Европската Унија и дозволеното ниво на афлатоксини во млекото кај нас, како и во ЕУ е 0,05. Нашите служби вршат редовни контроли на сточната храна и во самите млекари и досега немаме откриено зголемено количество на афлатоксини во домашното млеко“, изјави министерот Димовски по состанокот.
Според најавите, наредниот состанок на министрите за земјоделство од регионот ќе се одржи за еден месец во Сараево со присуство и на директорите на институциите одговорни за безбедноста на храната
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.