Миноски порача дека цела Македонија ќе продолжи да се развива
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2016
Кирил Миноски при партиската посета на Неготино на средба со граѓаните порача дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ја спроведува визијата за развој на цела Македонија со подобрување на економијата и намалување на невработеноста.
- Работни места кои се повеќе платени, да ја покажеме нашата грижа за сите сегменти кои значат културен развој на македонскиот развој, образовен напредок. Нашата визија е сеопфатен развој на државата. Економијата претставува основниот постулат за ова да се обезбеди и заради тоа таа има примарен приоритет во новата програма, посочи Миноски.