Мираковска: Со географската одредница „Северна“ не се менува идентитетот
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2018 14:37
Пратеничката од НСДП, Соња Мираковска денеска на седница на Комисијата за уставни прашања рече дека улогата како пратеници е да обезбедат подобар живот за граѓаните и за земјата.
Со географската одредница „Северна“ пред Македонија не се менува идентитетот на Македонците, смета таа.
„Македонците имале еден идентитет без разлика каква додавка имало пред Македонија низ историјата. Идентитетот се состои од комплекс работи што се важни, а за нас како Македонци исклучително важен е македонскиот јазик, кој со договорот е потврден како столб на идентитетот. Потоа, идентитетот го сочинува културата, писмото, музиката“ – рече Мираковски.
Вели дека пред референдумот требало да се изработи нов избирачки список врз принципот на активна регистрација, затоа што како што вели, многу луѓе се иселени од Македонија.
На почетокот на седницата, премиерот Зоран Заев го образложи предлогот на Владата. Тој рече дека нема ништо спорно во предлогот за уставни измени и ги повика пратениците да не подлежат на притисоци и да се обединат околу стратешките цели на земјата.
„Со оваа одлука референцата ФИРОМ , ќе ја испратиме во историјата“-кажа Заев и додаде дека со Договорот се заштитува македонскиот идентитет за век и векови, а македонскиот јазик станува признат и од Грција.
Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ, Трајко Вељаноски пак вели дека власта може да продолжи со процесот, но нема да има двотретинско мнозинство за промена на Уставот.
фото Фокус
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




