Мишко Иванов се повлекува од уредувањето во ТВ24, откако неговата сопруга стана член на ИО на СДСМ

Објавено во: Македонија 21 Јуни, 2019 12:55
Новинарот Мишко Иванов објави дека повеќе нема да биде уредник на информативните програми на ТВ24, откако неговата сопруга Тања Стојановска Иванова беше назначена за член на Извршниот комитет на СДСМ.
„Сакам да ве информирам дека после сите случувања изминатава недела, јас Мишко Иванов, новинар од 1997 година, досега без ниту една дамка во својата кариера, поради политичкиот и партискиот ангажман на мојата сопруга во ИО на СДСМ, се повлекувам од уредување на Вести и Дневник, а и од политички соочувања. Прво, не сакам да го нарушам угледот на телевизјата кој се гради со години, а второ и мојот морален и етички моментум не ми дозволува да бидам уредник на Дневник или пак да водат политички и економски дебати“ напиша Иванов на својот профил на Фејсбук.
Тој додава дека и понатаму останува во истата телевизија, но дека ќе се фокусира исклучиво само кон емисијата „Патот до Успехот“.
- Оваа одлука ја донесов веднаш по прифаќањето на политичката функција на мојата сопруга. Ја објавувам денес, чекајќи да видам до каде ќе отидат со плукањата моите колеги.Иако, сите напади изминатиов период ги доживеав смирено. Сепак не очекував дека најжестоките ќе бидат од блиски пријатели. Ова е добра поука во животот за да дознаеш навистина кои ти се вистински пријатели, додаде Иванов.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Oбвинетите за двојното убиство требало да киднапираат 40 годишна жена, а Вања ја грабнале по грешка

САМО СЕДУМ ДРЖАВИ ВО СВЕТОТ ИМААТ ЧИСТ ВОЗДУХ: Македонија ја нема таа привилегија

ПАЛЧО ИМАЛ СПИСОК НА ЛИЦА ЗА КИДНАПИРАЊЕ: На неа се нашле имотни лица

ОСПОРЕНИ СЕ ОДРЕДБИТЕ НА МЕТОДОЛОГИЈАТА: Уставен суд поведе постапка за Пописот

ИНЦИДЕНТ ВО ШТИПСКАТА БОЛНИЦА: Лекари се степале во операциона сала

ПАЛЕВСКИ ЈА ПРАШУВАЛ ВАЊА КОЛКУ СТАНОВИ ИМААТ: Таа му рекла од таткото да не бараат пари, туку од нејзината мајка која душата ќе ја даде за нив

ОБВИНИТЕЛКАТА СЕ РАСПЛАКА НА СУДЕЊЕТО: Палевски десет дена следел и фотографирал жена која требало да ја киднапираат

Газдата на „Пуцко петрол“ добил домашен притвор зошто бил болен и татко на четири деца

Мицкоски: Шокиран сум како се однесувал обвинител кога слушнал за акцијата со мазутот
