05 Декември, 2025
0.0425

МИСЛАТ ЛИ ПРАТЕНИЦИТЕ НА РАБОТНИЦИТЕ - уште ништо не е извесно за недела неработен ден, се прават напори да се фати рокот

Објавено во: Економија 21 Септември, 2021 11:23

Добивај вести на Viber

Ќе се успее ли навреме да се изгласа законското решение за недела да стане неработен ден до крајот на месецов, засега нема многу големи изгледи.

На десет дена пред први октомври, денот кој и во самите измени на Законот за работни односи е наведен дека ќе почне да важи недела како неработен ден и практично мора стриктно оттогаш да стартуваат законските измени, никој со сигурност не може да каже дали ќе се запази предвидениот рок.

Она што вчера се случи е дека Комисијата за труд и социјална политика, иако така беше најавено, не успеа да се состане и да го помине во второ читање Предлог законот за измени на ЗРО, со цел тој денеска да може да се стави на дневен ред на пленарната собраниска седница, каде би поминал и така би се овозможило и официјално да стартува од први октомври, како што стои и во самиот негов законски текст.

А токму идејата беше вчера измените да поминат на Комисија, за да можат да се стават на дневен ред на денешната собраниска седница и да бидат изгласани од мнозинството народни избраници.

Наши извори укажуваат дека проблемите зошто вчера не се одржа седницата се наводни препукувања меѓу Алтернатива, чии пратеник Хусни Исмаили е претседател на Комисијата, и ВМРО-ДПМНЕ. Поточно, претседателот на комисијата рекол дека сака да ја одржи седницата, но според него, „тоа наводно го блокирале пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои намерно оделе по 30 луѓе да присуствуваат на комисијата, иако не постоела толку голема слободна сала во која сите би можеле да бидарт собрани, според важечките здравствени протоколи“.

Сега седницата на Комисијата е закажана за денеска во 9 часот, но како што објаснуваат нашите соговорници, дури и да помине на комисијата, не би било возможно денеска да се закаже на дневен ред на пленарка.

Причина за тоа е што има неколку поднесени неколку амандмани на законските измени од пратениците, меѓу кои има и два амандмани од народни избраници од СДСМ, кои според извори од партијата, се издржани и потребни и има шанси да се прифатат. Еден од амандманите, според сознанијата, се однесува за 12 вработени во една наша компанија, за кои исто така требало да се наведе дека се исклучок од недела неработен ден. Имало амандмани и од други партии, меѓу кои и на ДОМ, а кои се однесуваат за вработените во индустријата за јаглен, за кои се барало да се исклучат од законските измени.

Нашите соговорници велат дека доколку се прифатат дел од амандманите, што е многу очекувано, токму тоа би било пречката законските измени да се стават на дневен ред на пленарната седница, бидејќи кога се прифаќа амандман, потоа треба да се подготви дополнет предлог закон со тој амандман, за што е потребно време и тоа сигурно нема да се стигне во истиот ден.

„Друга можност е да се закаже нова собраниска седница докрајот на неделава, на пример во петок, и на неа да помине дополнетиот предлог закон, за веќе од петок идната недела кога недела неработен ден мора да стартува, тоа да може и да се случи“, потенцираат нашите извори.

Всушност, за тоа какви решенија да се изнајдат, пратениците вчера попладнето имаа неформална средба со собранискиот спикер Талат Џафери.

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска вчера апелираше пратениците што поскоро да го донесат законското решение, со цел, како што рече, на работниците да им се овозможи баланс меѓу професионалниот и приватниот живот.

„Апелирам до пратениците, затоа што работниците се нашиот најголем човечки капитал, да се погрижиме да им овозможиме да се воспостави баланс меѓу приватниот и професионалниот живот. Верувам дека пратениците заеднички ќе го донесат ова законско решение и ќе може да се применува од први октомври, како што е предвидено“, рече Шахпаска.

Со двата закони, за околу 92 проценти од работниците во државата недела ќе биде ден на неделен одмор. Работниците во дејностите кои се неопходни да функционираат, ќе добиваат за 50 отсто повисока дневница. Трговските центри во недела ќе работат само во една смена, од 10 до 18 часот, а вработените ќе добиваат 100 отсто повисока дневница за работа во недела. Трговските субјекти во моловите ќе имаат обврска да уплаќаат износ во висина од 2 отсто од остварениот промет во недела во Буџетот, а овие средства ќе бидат искористени за основање на нови детски градинки.

Н.Н.Ф.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември