Добивај вести на Viber
Индонезија е земја во која најголем процент од локалните корисници на Facebook ја користат социјалната мрежа преку мобилни уреди.
Според новото истражување на eMarketer 92,4% од корисниците на Facebook во земјата (62,6 милиони лица) ја користат платформата преку своите телефони најмалку еднаш месечно. Во претходната година тие биле 88,1%, а во 2013 година - 77,7%.
Facebook, која има околу 1,35 милијарди месечни активни корисници, не го открива рангирањето на земјите според бројот на корисници.
Во САД околу 140 милиони корисници ја користат социјалната мрежа дневно, а 79,1% од нив го прават, користејќи мобилни телефони, посочува eMarketer. Во Индија, која се смета за вториот најголем пазар за Facebook, по САД, има над 100 милиони активни корисници месечно, процентот е 82,9.
Во јули калифорниската компанија изјави дека има 69 милиони активни корисници месечно во Индонезија, што е околу една третина од целото население на земјата. Emarketer наведува дека речиси сите (98,7%) од оние кои ги користат социјалните мрежи на своите телефони во Индонезија, го отвораат Facebook на своите уреди.
Всушност е екстремно лесно да се открие зошто Facebook се користи толку многу на мобилни уреди во земјата. Околу половина од сите 240 милиони индонезијци се под 30-години, а поголемиот дел од нив се активни корисници на социјалните мрежи. Twitter исто ужива голема популарност во земјата.
Истражувањето на Millward Brown од 2014 година откри дека Индонезијци поминуваат просечно по 9 часа на ден, користејки ги уредите. Земјата ја предводи листата според овој показател, станувајќи прва меѓу вкупно 30 држави.
Да не заборавиме дека евтините паметени телефони се многу популарни во Индонезија, благодарение на тоа што многу корисници добиваат пристап до интернет прво преку телефон, а подоцна преку компјутер.
К.К.