МИСТЕРИОЗЕН СТРАТЕШКИ ПРОЕКТ ЗА СТРУЈА: Фирмата со 8,9 милиони денари загуба, никој не дава информации до каде е инвестицијата
Објавено во: Економија 10 Септември, 2025 08:10
Нема ни трага ни глас за стратешкиот проект на „АИМ Греен Тецх“, фирмата на почесниот конзул на Македонија во Белгија, Рајес Леменс, чии капацитети требаше во следните 30 години во голема мера да ја снабдуваат Македонија со електрична енергија.
Фирмата на Леменс стана стратешки инвеститор како „стартап“ и без никакво искуство со струјата. Но, самиот договор за стратешка инвестиција предвидуваше ослободување од давачки, вклучувајќи и ослободување од данок на добивка во првите десет година од работата на енергетскиот капацитет, но и гарантирана даночна стапка од најмногу 10 отсто во следните 20 години, ослободување од еколошки такси, даноци и давачки и слично.
„АИМ Грин Тецх“ тргна транспарентно, со своја веб страница. Но, потоа веб страницата се повлече, за сега воопшто да нема ништо на неа. Со тоа, нема ниту официјални информации дали фирмата почнала со своите инвестиции во земјава, најавени за на неколку подрачја: Петровец, Могила, Неготино, Илинден, Гевгелија и Кичево, инвестиција во вредност од 174 милиони евра, а во две фази.
Во 2023 година, фирмата доби и лиценца за трговија со струја од страна на Регулаторната комисија за енергетика, со која може да тргува со струја во Македонија, но и во странство.
Фактор се обиде да стапи во контакт со поранешниот вицепремиер и актуелен пратеник од СДСМ, Фатмир Битиќи со чиј потпис „АИМ Греен Тецх“ стана стратешки партнер, но тој не одговори на нашите повици. Одговор не добивме ниту од владата, каде за овој стратешки проект испративме прашања пред речиси два месеци.

Фирмата ја завршила минатата година со загуба од 8,9 милиони денари, а по приход од 62 илјади денари и расходи од 8,96 милиони денари. Во 2022 година и 2023 година, немала приход, но влегла во минус од 22 илјади и 60 илјади денари поради расходите.

„АИМ Греен Тецх“ стана стратешки партнер на Македонија во 2023 година. Го помина собранискиот филтер, каде „за“ гласаа пратениците од СДСМ, ДУИ и тогаш неподелената Алијанса за Албанците.
Договорот предвидуваше долгорочен договор - државната ЕСМ да купува струја од „АИМ Греен Тецх“, договор потпишан на 30 години од датумот на комерцијално работење, а со можност за продолжување и раскинување на договорот, под услови утврдени во договорот на Владата со фирмата.
Освен оваа фирма, Леменс има неколку други, под брендот „АИМ“. Некаде е 100 процентен сопственик, а некаде 25 отсто има Бернард Мортагт - познат производител на пиво.
Александар Тодески* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата





