Добивај вести на Viber
Во кумановското селот Сопот умираат овци од мистериозна болест, труење или од трет причинител.Според информациите од Агенцијата за храна и ветеринарство, околу 140 грла овци во сопственост на еден ист фармер угинале од засега непознати причини.
Овците се во соптвеност на фармерот Шериф Лимани од кумановско Сопот, кој на својата фарма претходно имал 1.100 овци и тој тврди дека досега му угинале 400 овци.Овците угинале лани во декемеври, но досега нема конкретна информација што е причината за угинувањето.
-Имав 1.100 овци, од нив половина ми изумреа.Имам и 100 кози но гледам дека и нив почнува да ги фаќа истата болест. Ги повикувам надлежните институции да ми помогнат, дневно ми умираат од 10 до 15 овци, изјави фармерот Лимани за интернет порталот Алмакос.
Според проценките на Лимани досегашната материјална штета е над 40 илјади евра.
Од Агенцијата за храна и ветеринарство за Фактор велат дека веднаш штом ја добиле информацијата ветеринарните доктори биле на терен иземале мостри. Досега се добиени резултати само од дел од мострите, кои покажале дека причината за угинувањето не е болест.
-По добиената информација од ветеринарните друштва дека во кумановското село Сопот во текот на декември 2014 година угинати се повеќе грла овци од стадото кое брои 900 грла, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство излегоа на терен и направија контроли кај одгледувачот на добиток од ова село. Заради спречување на ширење на евентуална зараза, изречени се мерки за забрана за движење на стадото и чистење и дезинфекција на шталата, како и обврска на одгледувачот за редовно пријавување на угинатите животни до надлежното ветеринарно друштво.
Од страна на официјалните ветеринари земени се мостри од добиточната храна и од угинатите животни за лабораториско испитување, со кое ќе се утврди евентуалниот причинител за угинувањето на животните. Досега се добиени се дел од резултатите oд лабораториските испитувања кои се негативни и кои елиминираат одредени болести како причинители. Според досегашната евиденција, до Агенцијата за храна и ветеринарство во ова стадо, пријавено е угинување на 140 грла овци, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Лани од син јазик угинаа 18.000 овци
Минатото лето од болеста син јазик угинаа угинаа околу 18 илјади овци, 10 крави и 100 кози. Болеста првпат се појави во Беровскиот крај, а подоцна се прошири во Кочанскиот, Штипскиот, Радовишкиот и Овчеполскиот регион, а болеста не ги зафати трлата на повисоките планински места. Сточарите кои претрпеа огромни загуби од големата епидемија што ја предизвика болеста син јазик беа ослободени од обврската да платат пашарина за 2014 година и ќе им бидат исплатени субвенции за сите пријавени овци, но и за оние кои угинале. Но дел од сточарите реагираа дека ослободувањето од пашарина и субвенции се ништо во споредба со претрпената штета, и бараа обештетување да изнесува минимум 100 евра по овца.
Овчарството е една од извозно оринетираните гранки. Македонското јагне е секогаш барано за велигденските празници од грчките, хрватските и италјанските увозници. Податоците покажуваат дека во изминативе години бројот на овците, говедата и козите се намалува. Посебно е загрижувачка состојбата со овците, од 817 илјади овци во 2009 година, во 2013 година бројката е намалена на 730 илјади овци.
Ј.С
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: