Мистериозната Трансилванија ќе биде домаќин на 12та едиција на Balkans International Wine Competition 2023 во јуни
Објавено во: Мои пари 04 Април, 2023 12:01
Натпреварот Balkans International Wine Competition 12та година по ред ќе се одржи од 1ви до 3ти јуни во Бистрита Насауд, Трансилванија, Романија под покровителството на општина Бистрита Насауд, додека отворениот саем Balkans Wine Festival ќе се одржува во Софија, Бугарија од 15ти до 17ти јуни 2023.
„Balkans International Wine Competition е најдобар доказ за динамичноста на Балканската винска сцена како и за квалитетот на вината од овој регион. Натпреварот расте последната декада заедно со најновите случувања во винарството и потенцијалот е сѐ уште голем. Во текот на изминатите години, настана правило вината кои први се наградувани на натпреварот добиваат признанија на многу поголеми вински натпревари и стануваат иконски. Причината за ова е во посветената работа на целиот BIWC тим кој е воден од Галина Нифороу, како и во внимателната селекција на искусни и почитувани интернационални вински судии од целиот свет. Имам голема чест да водам натпревар од ваков размер. Оваа година, BIWC ќе оди во Романија за прв пат, за која сум сигурен ќе донесе новквалитет на натпреварот“ кажа Претседателот на BIWC Игор Лукович од Србија.
После големиот успех од минатогодишното 11то издание на историскиот остров Саламина во Грција, BIWC продолжува со ротација на местото на одржување, и оваа година Романија ќе биде домаќин на 12тото издание. Целта на ротацијата на најпрестижниот вински натпревар на Балкански вина е подобра интеграција на винариите од сите Балкански земји и подобра изложеност во регионот и Европа.
„Многу е возбудливо за нас што ја имаме можноста да го спроведеме 12тото издание на BIWC во мистериозната Трансилванија! Продолжуваме во новата едиција со многу оптимизам и енергија да ги направиме Балканските вина уште позабележливи и да ги позиционираме на повеќе места на светската винска мапа. Претседавањето на Игор Лукович доведе до нови идеи и активности за BIWC и целиот тим е благодарен за тоа. Неколку пати веќе лично ја посетив општината Бистрита Насауд и се вљубив во живописниот пејсаж во регионот, гостопримството и секако одличните вина! Во име на BIWC тимот, би сакала да се заблагодарам на Бистрита Насауд општината за топлото добредојде и за големата поддршка при организирање на BIWC таму. Им посакувам среќа на сите винарии кои ќе учествуваат на Balkans International Wine Competition 2023!“ кажа Галина Нифороу, Оперативен директор на BIWCF.
Фото: Принтскрин/Инстаграм
ПР Објава
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




