МИТЕВА: Владата ќе ги ограничи маржите на 10 отсто во трговијата на мало и големо на основните прехранбени производи
Објавено во: Економија 11 Февруари, 2025 16:41
Владата ќе ги ограничи маржите на 10 отсто во трговијата на мало и големо на основните прехранбени производи.
Владата на денешната седница донесе ваква одлука. Ќе се ограничат 73 групи производи но истата ќе се дополни со средствата за хигиена како што се детергентите и плус да се дополни со бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа.
„Оваа мерка е предвидено да трае од денот на донесување и да трае до 30.04.2025 година. Владата им препорачува на сите маркети да започнат процедура за транспартентно објвување на сите цени и нивно редовно ажурирање на дневна основа. Целта на оваа препорака е да се придонесе за поголема транспаретност, за граѓаните сами да одлучат каде да пазаруваат“, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева.
Два петока по ред, граѓаните ги бојкотираа маркетите по примерот на Хрватите.
Можеби ќе ве интересира
Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци
Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година
Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти
Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?
Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?
Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците
Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?
Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност




