26 Јуни, 2024
0.0300

МИТО ИЛИ СРЕЌА!? Два пати одбиен за непрописнa градба, третиот пат добил одобрение и кривична пријава заедно со уште седуммина други

Објавено во: Македонија 24 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

МВР со кривични пријави за дури осум лица од земјава, поради нелегална градба и несовесно работење, што резултирало со оштетен буџет. 

Како што соопштуваат од МВР, надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Р.И.(60) од Гостивар, поради сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „перење пари и други приноси“. 

Пријава е поднесена и за Ѓ.В.(42) од Скопје, М.М.(42) и В.Р.(40), двајцата од Гостивар за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „несовесно работење во службата“, против две правни лица Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „услови за кривична одговорност на правно лице“ во врска со „фалсификување исправа“. Пријава има и за Е.Б.(44) од село Беловиште, гостиварско, за сторено кривично „фалсификување исправа“, како и М.С.(51) и Д.Г.(41), двете од Гостивар за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Последниот од низата пријавени е С.Е.(45) од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „непријавување кривично дело“.

- Р.И., во периодот од октомври 2015 до април 2022 година, изградил комерцијално-станбен објект на булевар „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, при што отстапил од фактичката состојба издадена согласно маркичката за градење. Но, и покрај направените отстапки, Р.И. до Општинскиот катастар за недвижности Гостивар поднел барање за запишување на недвижноста, иако претходно во два наврата бил одбиен од Катастарот во Гостивар. Во прилог на барањето ја доставил истата техничка документација и геодетски елаборат изработен од геодетската фирма, сопственост на пријавените Ѓ.В. и М.М, кој не бил валиден, бидејќи на геодетската фирма два пати ѝ била одземена лиценцата, како и дека во елаборатот, пријавените Ѓ.В. и М.М., внеле дека е извршен премер на недвижноста со координати кои не се совпаѓаат согласно извршениот премер од Катастарот Гостивар - објаснуваат од МВР.

Дополнуваат дека Е.Б., во февруари 2017 година, како овластен надзорен инженер изготвил и пуштил во употреба Извештај за извршен технички преглед за градба во кој лажно навел дека градбата нема недостатоци, може да се употреби и стави во функција. 

- Пријавениот В.Р., како овластен градежен инспектор при општина Гостивар, пропуштил да изврши должен надзор и контрола над работата при изградба на комерцијално - станбениот објект, додека пријавениот С.Е. пропуштил да изврши должен надзор и несовесно постапил при вршење на своите овластувања. Тој, иако знаел дека објектот не е изграден согласно техничката документација и дека во два наврата бил известен за одбивање на барањето, по трет пат ја примил истата документација и ја поднел во Општинскиот катастар за недвижности Гостивар, а во прилог доставил и невистинит Записник за констатација, во кој навел дека увидел дека инвеститорот ги отстранил претходно констатираните недостатоци и отстапки на станбениот објект - прецизираат од МВР. 

Појаснуваат дека пријавените Д.Г. и М.С., вработени во Општински катастар за недвижности Гостивар, без да извршат надзор и контрола на доставената службена документација, извршиле запишување на недвижноста на име на Р.И. и му издале Потврда за запишување на недвижноста. 

- По ова, пријавениот Р.И. извршил продажба на становите од станбениот објект, склучувајќи преддоговори за купопродажба на недвижен имот и договори за закуп на станбен објект и на тој начин се стекнал со имотна корист на штета на општина Гостивар - појаснуваат од МВР.   

Можеби ќе ве интересира

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

„ВО РСМ ПОЛИТИЧКАТА КЛАСА ИМА СТРАВ ОД „БУГАРИН“ И „БУГАРСКИ“: Радев гневен на македонските политичари

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

Мицкоски ја пријави имотната состојба: Куќа од 440.000, швајцарски часовници од 52.000 евра

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“