17 Декември, 2025
0.0467

Митовите и реалноста за “Турски поток”

Објавено во: Свет 05 Февруари, 2015 07:55

Добивај вести на Viber

На 1 декември, рускиот претседател Владимир Путин коментираше по состанокот со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган дека ќе стави крај на проектот "Јужен поток", кој требаше да пренесува руски природен гас, заобиколувајќи ја Украина. Изложените мотиви тогаш беа неподготвеноста на Бугарија да ја дозволи реализацијата на проектот. И за прв пат тогаш Путин ја спомена можноста за нов гасовод - овој пат "Турски". На прв поглед изгледа дека со новиот проект Москва ќе и го предаде кранот на Турција - плановите предвидуваат трасата на новиот гасовод да минува по дното на Црното Море, преку територијата на Турција и да се вложи во гасен центар во близина на грчката граница. Токму оттаму европските клиенти ќе купуваат руски гас. Европа е еден од најважните пазари за Русија во однос на извозот на природен гас - според првичните податоци во 2014 година кон клиентите од Стариот континент заминаа малку над 161 милијарди кубни метри руски природен гас. Во исто време "обраќањето кон Исток", или изградба и проширувањето на "Моќта на Сибир" ќе обезбеди продажба на 38 милијарди кубни метри годишно на Кина. Од оваа гледна точка изгледа дека едвај "Газпром" сака да ја загуби Европа и "Турски поток" делува како опција за зачувување на снабдувањето. Од друга страна, сепак гасните прашања секогаш биле еден од инструментите за спроведување на руската политика на Стариот континент. Затоа и, врз основа на јавните факти, тешко може да се поверува дека Русија ќе и ги отстапи на Турција своите гасни интереси. Но дали во своето обраќање во Анкара Путин не ги заборави тековните економски санкции против Русија, опаѓачкиот профит на "Гаспром" и други негативни фактори кои би го направиле "Турски поток" прескап проект за реализација токму во овој момент? Едвај, но финансиската страна на прашањето виси со страшна сила. Уште во почетокот на октомври од "Газпром" признаа дека санкциите ќе го поскапат тогап виталниот проект "Јужен поток" за 7,5 милијарди евра до 23,5 милијарди евра. Плановите за изградба на "Јужен поток" предвидуваа "Газпром" да користи сопствени средства, кои ќе бидат обновени од транзитните такси. Сопствените средства во услови на кризата што ја зафати Русија, и ограничувањата за користење на европските пазари на капитал, изгледаат како голем луксуз за "Гаспром" денеска. Паралелно компанијата реди загуба по загуба во финансиските извештаи и веќе најави намалување на капиталните трошоци со 8 милијарди долари. Во оваа фаза руската Сбербанк ја изрази својата желба да го финансира проектот, но оваа банка е на европската листа санкционирани корпорации од Русија. Дополнително и Русија и Турција веќе ја утврдија маршрутата на "Турски поток" по дното на Црното Море, а традиционално за руските проекти финансискиот план е некаде во нејасните моменти. "Гаспром" се потпираше уште и дека ќе добие аванс од кинеската компанија за гас CNPC за изградбата и проширувањето на "Моќта на Сибир". Кинеската компанија не се согласи на оваа опција и очекуваните 25 милијарди долари нема да бидат предадени. И така - еден од најважните моменти во секој бизнис потфат - финансискиот, во однос на "Турски поток" останува во сферата на веројатност. Слична всушност е и ситуацијата за "Јужен поток". Во прилог на реализацијата на кој и да е од двата проекта - "Јужен поток" по европските правила или "Турски поток" во сегашните договори, Русија губи дел од силата на европскиот пазар на гас и веројатно допрва ќе сме сведоци на стапките на Москва од една страна да ги задржи своите држења, а од друга - да не загуби важни пазари. Турција од друга страна може да размислува - освен "Турски поток" (ако биде реализиран), преку територијата на земјата ќе минува и друг гасовод со европско значење - TANAP. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“