Митовски од „Инфомакс“ осуден на шест месеци условно
Објавено во: Македонија 04 Март, 2020 15:09
Главниот и одговорен уредник на Инфомакс, Александар Митовски, е осуден на шест месеци затвор условно доколку во наредните две години не го повтори делото, како обвинет за оддавање службена тајна при објавувањето на исказите на сведокот Орце Камчев во Јавното обвинителство за случајот „Рекет“.
- Тука не важат повеќе закони, не важи Устав, не важат меѓународни договори, не важат повелби за човекови права и слободи, не важи ништо освен политичкиот интерес на Зоран Заев кој што се најде засегнат од текстот кој што е спорен според овој суд и ова обвинителство дека бил споменат како човек кој што ги информирал Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец дека против нив е покрената постапка со цел да не биде тој човекот кој што ќе биде фатен како организира рекетарска шема во државава, коментираше Митовски по пресудата.
Тој вели дека добил информации дека судијката Љубинка Башевска дека добивала нарачки за пресудата за да ја унапредат како награда.
- Ова е срамота, срамен ден за Македонија, за слободата на говорот, за слободата на медиумите и човековите права, вели Митовски.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




