Митра слави роденден!
Објавено во: Мои пари 03 Октомври, 2022 13:13
И по три години постоење, продолжуваме да работиме како да ни е прв ден!
Митра е целосно фокусирана на Вас. Секојдневно работиме целосно да одговориме на различните барања и очекувања од онлајн купувањето и да му понудиме на секој клиент, удобно, едноставно, безбедно и ефикасно искуство за купување, во секое време.
Нашата цел останува, зацврстување и експанзија на нашиот бренд и база на клиенти.
За 3 години научивме многу, но секогаш може и повеќе. Иако сме оптимисти, мора да останеме будни и спремни на предизвиците и пречките со кои ќе се соочиме за да ја оствариме нашата долгорочна визија.
Ја следиме љубопитноста и ги следиме вашите потреби и навики. Ги земаме во предвид сите ваши забелешки и преку нив се обидуваме континуирано да се подобруваме. Во Митра, клиентот е секогаш во право.
Склучивме договори со Diners за плаќање на 12 рати и понудивме кредит опции преку Iute pay со можност на плаќање до 36 рати.
Веруваме дека постојат значителни можности за пласман и на други пазари и затоа ја отворивме и ЕН верзијата што значи почнавме продажба и надвор од Македонија.
Денес е полесно и поевтино од кога било да се отвори веб-продавница. Но, потешко од кога било да се покажете и докажете, бидејќи бројот на веб-продавници расте од ден на ден.
Горди сме на овие три години постоење, особено затоа што на самиот почеток се соочивме со две сосема непредвидливи пречки, пандемијата и глобалната светска економска криза. Но, сето ова, наместо како хендикеп, го доживеавме како предизвик повеќе, со кој мора да се соочиме.
Се разбира и оваа година, само за вас, Митра го подготви Митра Фест 3, кој полека но сигурно станува традиција. И овој пат, најрелевантните музички имиња, од Македонската диџеј култура, со свои миксови екслузивно снимени за нашиот роденден, ќе се претстават пред вас и ќе се обидат да ве расположат со неверојатно добра музика.
Веруваме дека пред нас стојат уште многу предизвици, но Митра е подготвена за нив и храбро чекори понатаму.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




