17 Декември, 2025
0.0598

Митревски: Едно четиричлено семејство не може да ги задоволи ниту основните потреби

Објавено во: Економија 28 Јули, 2013 10:18

Добивај вести на Viber

Бројот на вработени кои примаат плата повисока од 30.000 денари е многу мал, околу 3,2 проценти, а ако се земе предвид дека висината на потрошувачката кошничка е 32.571 денари, тогаш повеќе од јасно е дека недостасуваат сериозен дел на средства за задоволување на потребите на едно четиричлено семејство, вели претседателот на ССМ, Живко Митревски, во неделното интервју на Радио Слободна Европа. „Факт е дека Република Македонија, слично како и останатите држави, живее во услови на сериозна светска економска криза, па оттука начелно е постигнат договор, дека во вакви услови, не смее да се дозволи помасовно отпуштање на работници, ниту пак намалување на платите, а исто така стратешка определба е да се задржи и висината на пензиската граница“ - посочува Митревски. Во однос на минималната плата и потребата од нејзино зголемување, вели дека апсолутно има потреба да се зголемуваат платите во Република Македонија, ако се имаат предвид и предвидувањата за зголемување на цените на производите, односно храната. „Радува можеби еден податок што Република Македонија не падна драстично во делот на обезбедување на висината на производството, напротив, бележи раст од 2,9 отсто во тој дел или во носечкиот дел кај градежништвото каде што имаме драстично зголемување на продуктивноста и на производството, но од друга страна, пак, податоците што ги добивме исто така покажуваат дека 80 илјади работници примаат плата некаде во висина на минималната плата“ - додава првиот човек на CCМ.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас