03 Јули, 2024
0.0291

Мизрахи ќе побара поголеми надлежности за Анкетната комисија за скандалот на Онкологија

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Анкетната комисија формирана за обелоденување на вистината за скандалот со онкологија со која претседава Рашела Мизрахи би можела да продолжи со својата работа во наредниот период со проширени надлежности, најави денеска пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ.

Рече дека ќе побара продолжување на рокот за работа на оваа комисија и да се прошири опфатот на периодот на кој се однесува нејзината работа. На денешниот последен ден за сослушување на сведоци и експерти,  како сведоци вторпат се викнати поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев, државниот обвинител Љубомир Јовески, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и поранешниот директорот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) Стево Крстевски

- Ќе има барање до Пленумот за проширување на надлежностите и работата на анкетната комисија, наведе Мизрахи, која дополни дека во наредните 30 дена ќе се организираат доказите.

Едно од досегашните сознанијата, според Мизрахи, се дека лековите за болните од рак на Клиниката за радиологија и онкологија биле давани на рака на пациентите, во торбиче, спротивно на медицинските протоколите.

- Лековите за болните на Клиниката за радиологија и онкологија биле давани на рака за пациентите, во торбиче, спротивно на медицинските протоколи. За тоа Клиниката фактурирала како таа да ги аплицирала лековите, а чија судбина и начин на употреба понатаму не е позната

Ова е грозоморен скандал каде се прави заработка од тешка болест на многу луѓе . Ова значи дека „дивото месо“ е длабоко вкоренето во здравствениот систем 

Злоупотребата на скапата терапија траела и во текот на 2023 што предизвикало екстремен трошок за здравство, штета за буџетот и на штета на пациентите кои или не добивале терапија, или ненавреме ја добивале, дополни Мизрахи.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови