25 Ноември, 2024
0.0264

Мизрахи му покажуваше фотографии на Заев во Собранието, тој и возврати зошто не зборува за Германија, туку за Бугарија

Објавено во: Македонија 30 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Рашела Мизрахи, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница во Собранието за поставување на пратенички прашања му покажувашпе фотографии од членови од нејзиното семсјтво убиени во фашистички логор, како и фотографии од убиени македонски национални херои во текот на Втората светска војна. На ова премиерот Зоран Заев, кој беше присутен на седницата, возврати дека тоа е однапред подготвена провокација и дека поранешната техничка министерка за труд и социјална политика во тој случај треба да зборува и за Германија, а не само за Бугарија.

- Ова е моето семејство однесено од бугарскиот фашистички окупатор во Треблинка., Сите убиени, освен мојот дедо, рече Мизрахи, која покажуваше и фотографии од Страшо Пинџур и Мирче Ацев, кои биле претепани до смрт, а рече дека и струмичанецот Благој Јанков - Мучето е застрелан од фашистите во Струмица, а Заев наредил да се избрише зборот „бугарски“ од неговата спомен плоча.

Заев рече дека фашисти ги убиле овие граѓани, но и дека Мучето бил предаден од пет македонски семејства каде што се криел, па потоа го убиле. 

- И јас се чувствувам патриот како вас. Јас се обратив на македонски јазик во Европскиот парламент и за тоа добив аплауз од сите европратеници. Со покажување на слики на мои сограѓани вие се трудите да ме повредите со тоа како го зборувате. Но не можете цела Бугарија да ја правите фашистичка, ниту нејзините поколенија. Тоа не е Европско и не личи на 21 век. Минатото нема да го заборавиме но ќе се посветиме на иднината. Така и Чешка и Словачка имаат такви договори со Германија. Јас можам да се чукам по градите и да се прават десет пати поголем херој, но мене ме интересира како ќе живее народот. Тоа не значи дека се откажуваме од минатото, одговори Заев.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик