Добивај вести на Viber
Oд денеска до петок, десет македонски компании ќе бидат дел од саемската манифестација за бизнис со свежо овошје и зеленчук „Фруит Логистика 2013“ во Берлин.
„Баџо“ ДООЕЛ експорт-импорт, ДПТУ „Туран Иван“ ДООЕЛ ехпорт-импорт, АД „Агролозар“, „Перминдекс“ експорт-иморт, „Агрокалем“ Неготино „Екооаза Самандов“ ДОО, АД „Гоце Делчев“ Тиквеш, АД „Агроплод“, „Фрута грозд“ и „Иви Пром“, се 10-те македонски копмпании за кои Министерството за земјоделство одвои 51 илјада евра за штандот и обезбедување простор на саемот, соопштија од Министерството.
Нашите претставници ќе имаат можност да се сретнат со потенцијални купувачи, дистрибутери, консолидатори и продавачи на големо, како и да ги испитаат можностите за нови стратегиски партнерства и нови пазари. Исто така ќе добијат можност да го зголемат знаењето за најновите технологии и управувачки практики за подобрување на продуктивноста и зголемување на конкурентноста.
Како организатор на престојот и учеството на „Фруит Логистика 2013“ е Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал и проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот (ИДЕАС).
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: