26 Ноември, 2024
0.0593

Млад битолчанец болен од ковид побегнал од болницата, неколку часа подоцна со брза помош бил вратен во тешка состојба и починал

Објавено во: Македонија 19 Ноември, 2020

Добивај вести на Viber

Најмладиот пациент кој вчера почина од компликации на корона вирусот е 35-годишен битолчанец, кој бил сместен на Инфективното одделение во Клиничката болница во Битола, но во текот на денот успеал да побегне, а неколку часа подоцна починал. За целиот настан деатлно информира Министерството за здравство од каде велат дека пациентот вчера предпладнето кога се делел ручекот успеал да избегал од Ковид одделот каде бил хоспитализиран. За бегството било известено болничкото обезбедување, МВР и директорот на Клиничката болница Битола, како и епидемиологот, велат од Министерството за здравство, истовремено нагласувајќи дека пациентот во 18:02 часот повторно бил донесен со возило на Итна медицинска помош. Тој бил во вонредно тешка општа состојба, неконтактибилен, тахидиспноичен, хипотензичен со немерливи витални параметри, немерлива сатурација, со пена на устата и изразена цијаноза.

-Според кажувањата на медицинската екипа од ИМП, пациентот со приватно возило си отишол дома наводно да се наспие и одмори и се напил средства за спиење и смирување во непозната количина, веднаш заспал и не се будел, по што семејството повикало ИМП кои веднаш дошле во домот и ординирале терапија која немала ефект, по што е донесен на Инфективно одделение. Од страна на дежурната екипа на Ковид одделот биле преземени реанимациони мерки, но без поволен терапевтски одговор. Во 18:45 часот настапила смртта со клиничка слика на тешка кардиореспираторна инсуфициенција и престанок на работа на срцето. Во системот не постојат внесени коморбидитети“, информира Министерството за здравство.

Инаку, тој прв пат се јавил во тријажната амбуланта на 13.ноември со температура и кашлица и веднаш му била дадена терапија. Три дена подоцна повторно се јавил на преглед, но овој пат со тешко дишење, температура и бронхопневмонија, заради што бил хоспитализиран како суспектен на ковид. На 17 ноември му е земен брис и неговиот резултат бил позитивен на корона вирусот. 


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик