Млада битолчанка со своите вешти раце создава уникатни велигденски јајца
Објавено во: Македонија 24 Април, 2022
25 годишната Анамарија Милевска од Битола, со своите вешти раце од велигенските јајца создава вистински ремек дела.
Оваа млада девојка вели дека отсекогаш сакала да црта, и да биде креативна. Од мали нозе, уживала во подготовката на велигденските јајца за празникот, а тоа го прави и ден денес. Идеи и начини за тоа како да се украсуваат јајцата бара на интернет. Милевска објаснува дека креативноста на девојките и жените е навистина за пофалба, и дека има многу техники за декорирање на велигденските јајца. Таа за украсување на велигденските јајца комбинира повеќе материјали.
„Не користам некаква посебна техника, едноставно црпам инспирација на Pinterest или Instagram и наоѓам начин како да ги изработам. Во зависност од тоа каков ефект сакам да постигнам, употребувам различни материјали, желатин бои, светкава прашина, маркер, бисерчиња, кристали, лакови за нокти, лепило, самолеплива хартија. Сакам да цртам, и најчесто за декорација користам црн водоотпорен маркер, толку е едноставно. Изработувам 50 до 60 јајца, исклучиво за свои потреби. Секогаш добивам позитивни реакции, пофални зборови, воодушевувањето се гледа особено во очите на најмалите. Често ме прашуваат за начинот на изработка и колку време е потребно, несебично споделувам, а некогаш и помагам за украсување, доколку сум во можност. Во последно време, особено кај помладите гледам дека вложуваат труд во украсување. Често се инспирирам и од наши домаќинки, кои споделуваат изработки на социјалните мрежи, што особено ме радува. Подемот на социјалните мрежи и инспирацијата којашто може да се најде таму има голем придонес“, вели Милевска.
Оваа млада битолчанка објаснува дека украсувањето одзема време, потребно е трпение, креативност и секако секогаш треба да се има желба и љубов кога се прави нешто.
„Околу изработката, за minions јајцата, се става јајцето половина во жолта боја, односно врвот, а откако ќе се потсуши другата половина во сина боја. Не мора совршено да се спојуваат затоа што се лепи лента самолеплива хартија која што претставува ремен. На жолтиот дел се лепи обрач потенка самолеплива лента и на средината се лепат две очиња. Очињата се купуваат, има пакување со различни големини, не се самолепливи, и за истите ќе ви биде потребно течно лепило. На крај цртате веѓи и уста со црн водоотпорен маркер. Бело јајце, или бојадисано, ама бледо, пастелно, кратко оставено во бојата, на врвот се става течно лепило, се наросуваат со светкав прав, може прехрамбен, јас преферирам светки за декорација на нокти, можете да ги најдете во парфимерија, затоа што се покрупни и позабележливи. Потоа се цртаат очиња и уста со маркер“, додава Милевска.
Таа како и повеќето македонски домаќинки првите велигденски јајца ги подготвила на Велики Четврток.
Велигденското јајце црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение. Црвената боја има симболика на побед
Сања Атанасовска* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.