07 Октомври, 2024
0.0244

„МЛАДИ ЗА МАКЕДОНИЈА“: Никогаш не би дозволиле некој да го компромитира нашиот идентитет

Објавено во: Македонија 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Студентите од Истокот кои се обединија како „Млади за Македонија“  со цел одбрана на името и запирање на двојазичноста,  велат дека промената на името значи и паралелна промена на идентитетот на нашиот народ, нешта кои овие „преговори“ на фабрикуваниот спор се стремат да ги постигнат.

Тие порачуваат дека никогаш не би дозволиле некој да го компромитира нашиот идентитет или идентитетот на било кој друг народ во Република Македонија.

„Сметаме дека ова е директно понижување на македонските граѓани и држава, и веруваме дека имаме должност на отпор против неправдите наметнати врз нас во последните 27 години. Бараме итно прекинување на ваквите „преговори“ кои не носат ништо друго освен понатамошна поларизација и подгревање на страстите, без да придонесат  во апсолутно никаква мера кон решавање на вистинските проблеми во нашето општество.  Со промена на името, Македонија не само што го губи својот идентитет за кој македонскиот народ неуморно се борел да го зачува, туку се укинува и самиот концепт на државност кај нас. Потклекнувањето пред апсурдните барања на јужниот сосед значи укинување на достоинството и чувството на припадност кон државата. Последиците на промената на името на државата ќе бидат катастрофални бидејќи ги рушат основните столбови врз кои лежи една држава. Се наоѓаме во тешки времиња, но нека не го заведуваат политичарите македонскиот народ со лажни измами – секоја наша евентуална отстапка за клучно прашање, за витален елемент на нашиот идентитет и нација, единствено ќе креира верижна реакција која ќе доведе до нашето самоуништување.Не шириме параноја, очигледно е за секој слободноумен граѓанин на Република Македонија, константно сме напаѓани од сите страни преку непријателските пропагандни машини дека сме „должни“ да преземаме деструктивни чекори врз самото наше постоење без никаква реална или објективна причина. Чекори кои политичката елита е повеќе од задоволна да ги преземе и ефективно да учествува во нивната (повеќе од брза) имплементација“ – велат од „Млади за Македонија“.

Тие на 30 месецов ќе организираат настан во Штип, на кој ќе се говори за овие теми кои го засегаат народот, а ги повикаа и политичките лидери да земат учество. Велат целта е да се истакне дека  младите луѓе и интелектуалците се експлицитно против политиките кои Владата и политичката елита ги водат против националните интереси веќе со децении. Тие се скептични дека некој од политичарите ќе се одважи да дојде на настанот.

„Искрено, не очекуваме. Но, секогаш се добредојдени и го охрабруваме нивното доаѓање доколку самите планираат да преземат таков благороден чекор кој веруваме дека во голема мера ќе придонесе за конечно откривање на долгоочекуваните одговори на колекцијата прашања кои македонската јавност ги има за катастрофалната политичка ситуација и дефектниот систем во кој живееме, а воедно ќе служи како почетна фаза кон решавање на наметнатите проблеми“ – наведуваат од „Млади за Македонија“.

Тие планираат оваа иницијатива да прерасне во национално студентско движење кое ќе ја предводи интелектуалната борба кон просперитетна иднина.

Инаку, преговорите со Грција продолжуваат, а се погласни се барањата дека без промена на Уставот нема да има решение, или пак дел од партиите велат дека нема да дозволат ниту терминот „Македонија“ да биде дел од решението.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

МИЦКОСКИ МУ КАЖА НА АХМЕТИ ШТО ДА НАПРАВИ: Исчистете ги криминалците од партијата, ние сме тука да помогнеме

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

„ВРАТЕНО БИЛО, ЗА ЖАЛ“: Таравари за случајот со починатото 14-месечно бебе на Детската клиника

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

Меџити: Почеток на крајот за Европскиот фронт по напуштањето на Тачи

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

КЕНИЈЦИТЕ СЕ ЗАКИТИЈА СО ЗЛАТО И СРЕБРО, НАШИОТ ИВАНОВСКИ ЗАСТАНА ДО НИВ: Заврши 20. Скопски Маратон

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

МОЌНА ПОРАКА НА ПРАТЕНИЧКАТА ПЕТРУШЕВСКА ДО СИТЕ БОРКИ: На Скопскиот маратон трчаше во чест на жените кои се борат со ракот на дојка

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

БОЖИНОВСКА: „МАКЕДОНКА СУМ И СЕКОГАШ ЌЕ БИДАМ МАКЕДОНКА“, не дозволувам тоа да ми биде спорено

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

Анѓушев на Машински Факултет: „Државата да одреди какви кадри и е потребно да се образоваат за да може да се развива“

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

НА ВИЗ ЕР СКОПСКИ МАРАТОН ДЕНЕСКА ТРЧААТ РЕКОРДНИ 13.400 ЛУЃЕ ОД 55 ЗЕМЈИ: Во Скопје посебен сообраќаен режим до 14 часот

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил

ПРЕСТРЕЛКА ВО ЧАИР, МАЖ ИМА ЧЕТИРИ ПРОСТРЕЛНИ РАНИ: Пукано е од автомобил