Младински совет ќе ги контролира јавните набавки во Охрид
Објавено во: Мои пари 26 Март, 2013 19:11
„Индекс на рационалност“,е новиот проект на „Младинскиот совет“ од Охрид со кој ќе се врши директен и сеопфатен мониторинг на јавните набавки во општината. Во првата фаза ќе бидат опфатени Локалната самоуправа и јавните претпријатија во општината, по што ќе се мониторираат и националните установи, јавните здравствени установи и други субјекти што спроведуваат јавни набавки.
Според најавите целта е воведување нов инструмент преку кој што ќе се мери ефикасноста во трошењето на јавните пари, ќе се откриваат слабите точки во системот и ќе се влијае врз институциите да станат порационални во трошењето на буџетите кои се полнат со пари од граѓаните.„Индексот на рационалност“ се изработува преку споредба на цените по кои што различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Индексот ќе се изработува квартално и во секој квартал ќе опфаќа генерално по пет различни предмети на набавка. Тука се споредуваат трошењата на најмалку пет институции, со настојување секаде каде што е можно да се максимизира бројот на опфатени институции.
Индексот е замислен како показател за државните институции што треба да им послужи како основа за подобрување на рационалноста при јавните набавки, односно при трошењето на јавните пари, соопштуваат од „Младинскиот совет“.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност





