Младите да се ослободат од даноци - ВМРО-ДПМНЕ ветува, како - ќе кажат подоцна
Објавено во: Македонија 15 Ноември, 2019 10:31
Нова влада која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ по изборите ќе ги укине даноците за младите до 29 години кои заработуваат помалку од 6000 евра годишно. Намести квази мерки, ние нудиме применливи решенија, велат од партијата, во своето најново соопштение.
Фактор праша во партијата кои се даноци ќе бидат укинати за младите луѓе, и дали имаат пресметки во смисла дали е тоа изводливо и одржливо економско решение. Но, оттаму велат дека засега деталитге не се откриваат.
Од ВМРО-ДПМНЕ упатуваат дека тоа ветување го испорачал и партискиот лидер Христијан Мицкоски, во своето обраќање пред граѓаните во Кавадарци.
„Ќе ветиме и ќе испорачаме дека следната влада на ВМРО-ДПМНЕ за секој млад човек кој што ќе има месечно примање до 500 евра, до 29 години ќе биде ослободен од даноци. За секој млад човек кој што ќе има годишни примања не помали од 6.000 евра ќе биде ослободен од плаќање даноци и тоа ќе го испорачаме“, рече Мицкоски во таа прилика.
А даноците се привлечна категорија за граѓаните.
Актуелната власт, пак, прогресивниот данок кој го воведе на стартот на годинава за заработувачки над 90 илјади денари, го замрзнува во период од следните три години, со образложение дека тој не дал резултати во борбата со сивата економија.
Можеби ќе ве интересира
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми




