18 Декември, 2025
0.1472

МЛАДИТЕ ПОЧИНАТИ ПАЦИЕНТИ НАЈЧЕСТО НЕМААТ ДРУГИ ЗДРАВСТВЕНИ СОСТОЈБИ: Смртта настапува само од компликациите од Ковид-19

Објавено во: Македонија 26 Јуни, 2020 10:19

Добивај вести на Viber

И покрај тоа што луѓето кои имаат хронични заболувања како што се дијабетес, бубрежно болните, особено оние кои се на дијализа, луѓето со кардиоваскуларни заболувања, оние кои претпеле мозочни удари, претставуваат најризичната група на пациенти од корона вирусот, сепак, според податоците од лекарите, во нашата земја починаа голем број млади луѓе, без претходно никакви сериозни здравствени состојби.

И последниот случај, смртта на 40-годишниот ресенчанец, Илче Котевски, ги остави во шок и самите лекари, вработени во ГОБ „8 Септември“.

-Се сомневаме дека смртта кај него настапила како последица од пнеумоторакс. Тоа е воздух во белите дробови од скината алвеола. Котевски немаше други хронични заболувања. Дојде во ГОБ „8 Септември“ со тешка пневмонија што е директна последица од Ковид-19. Белите дробови практично му беа распарчени. Вирусот е толку многу инванзивен што го уништува и мозокот, и срцето, бубрезите, ги уништува сите органи во човековиот организам...И пред неколку дена 37-годишната пациентка од Тетово исто така немаше други заболувања. Уште еднаш апелираме да не се дозволи болеста толку многу да се развие, односно заразените не смеат да се кријат и да се лекуваат сами дома, вели д-р. Драган Клопчевски, специјалист интернист, во моментов распределен во „8 Септември“.

А.Б.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми