Младите во Тиквешко аплицираат за земјоделски грантови
Објавено во: Агробизнис 14 Јуни, 2014 11:26
Интересот на млади од Тиквешко за аплицирање за финансиска поддршка во земјоделството со грант од неповратни 10 илјади евра е голем, информира Ѓорѓи Ајтов, раководител на работната единица на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Неготино.
- Аплицирањето трае до крајот на овој месец, а вреди да се нагласи дека постои голема заинтересираност кај млади од општините Кавадарци, Неготино, Росоман и Демир Капија. На сите оние кои подигнаа соодветна документација за аплицирање им појаснуваме дека треба да се под 40-годишна возраст и да се носители на семејно земјоделско стопанство во период до 18 месеци, вели Ајтов.
Во работната единица на Агенцијата исто така постои голем интерес за користење на финансиска поддршка од страна на земјоделците при подигање на млади лозови или овошни насади, но и при инвестирање во сточарство или пчеларство. Земјоделците чии апликации ќе бидат одобрени, ќе добијат половина од вложените средства.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





