Младите земјоделци можат да аплицираат за финансиска помош
Објавено во: Агробизнис
12 Мај, 2014 14:25
Добивај вести на Viber
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој нуди финансиска поддршка за младите земјоделци, кои сакаат да започнат земјоделско производство.
Поддршка можат да добијат и земјоделците кои имаат намера да го модернизираат своето производство.
Повиците објавени денеска се однесуваат на подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини во период од 1 јануари 2014 година до 1 април 2014 година, за подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини во период од 1 септември до 31 декември 2014 година, за набавен приплоден добиток од признати организации на одгледувачи на добиток од Република Македонија и од увоз, за набавка на пчелни матици од регистрирано одгледувалиште и за набавување опрема за систем капка по капка за пченка и фуражни култури и бунари за наводнување.
Пополнетите барања земјоделците треба да ги достават по пошта или лично во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Крајниот рок за доставување на барањата за финансиска поддршка за набавка на приплоден добиток, пчелни матици, опрема за систем капка по капка за пченка и фуражни култури и бунари за наводнување и помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност е 30 јуни 2014 година.
Крајниот рок за доставување барања за исплата за подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини во период од 1 јануари 2014 година до 1 април 2014 година е 30 јуни 2014 година.
Крајниот рок за доставување на барањата за финансиска поддршка за подигнати нови лозови и овошни насади и медоносна флора на нови површини за период од 1 септември до 31 декември 2014 година е 1 јули 2014 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?