Младите земјоделци да аплицираат за грантови од 10.000 евра
Објавено во: Агробизнис 06 Јуни, 2016 10:56
Земјоделците кои сакаат да основаат фирма, да закупат земја или да го модернизираат веќе постоечкото производство можат да конкурираат за неповратна помош од 10 000 евра.
Исплатата ќе се врши едногодишно, двогодишно или тригодишно, соодведно на барањата на фармерот. Неповратната помош се доделува и на оние кои планираат да започнат бизнис и на оние кои веќе имаат, а сакаат да го развијат. Можат да аплицираат граѓани на возраст од 18 до 40 години, носители на земјоделско стопанство запишано во единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и кои ги исполнува условите од програмата за рурален развој. Државата за оваа намена има предвидено да потроши 1.1 милиони евра.
Списокот на млади земјоделци кои ќе добијат грант ќе биде објавен следниот месец.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





