05 Декември, 2025
0.0305

МЛЕЧНА КРИЗА НА ПОВИДОК: Сточарите во паника, млекарниците претпазливи!

Објавено во: Агробизнис 08 Мај, 2016 08:25

Добивај вести на Viber

Додека Агенцијата за храна и ветеринарство ги чека вакцините против болеста „јазлеста кожа“, расте бројот на заболени животни, а сточарите се во паника. Освен што стравуваат дека оваа болест ќе им го уништи добитокот, дел од фармерите од источниот регион од земјава во текот на вчерашниот ден алармираа дека млекарите што откупуваат млеко во тој регион имале забрана да го откупуваат млекото и на оние сточари кои немаат заболени говеда и оти забраната била во радиус од неколку километри од местата каде што болеста била лоцирана. Инаку болеста е регистрирана во источниот регион, меѓутоа не во сите делови од регионот. -Што да му правиме ние на млекото, тоа млеко не смее да се пие, не смее да се дава на телињата.Ако го фрламе во река и по нивите и тоа што не е заболено ќе се зарази. Од кај знаеме ние од жариштето дека нема уште заболени крави. Треба да дојде инспектор, да ги прегледа говедата и да каже дали млекото може или не може да се употребува. А не сега ако се појавило некаде нешто сите ние да испштаме, вели Бранко Мисев, сточар од штипско. Дел сточарите велат дека реагирале и до Агенцијата за храна и ветеринарство од каде им било кажано дека АХВ не издала таква наредба, па подоцна млекарата што не сакала да им откупи млекото ја сменила одлуката и го земала млекото. -Јас имам 70 крави. Млекото го предавам во млекара „Сточарство Богданци“.Во овој регион откупува и „Штипската млекара“.Најверојатно заради болеста  „Сточарство Богданци“ прво не сакаше да ни го земе млекото. Се јавивме во Агенцијата за храна и ветеринарство, тие ни рекоа дека не издале таква наредба и дека млекарата мора да го откупи млекото или ако  не сака тогаш дека тоа ќе го стори „Штипската млекара“. Што да му правиме ние на тоа млеко, да го фрлиме, не може да се истура. Во нашето село Софилари нема регистрирано заболени говеда од болеста. После неколку часа „Сточарство Богданци“ се предомисли па го откупи млекото, вели Горан Коцев, сточар од штипското село Софилари. Од  Агенцијата за храна и ветеринарство соопштија дека млекото може да се откупува само ако е од фарми каде нема заболени говеда. -Млекото кое го произведуваат сточарите, може да се предава за преработка само доколку потекнува од фарми каде не е детектиерана болеста Чвореста кожа кај говедата и тоа исклучиво во регионални млекарници, во регионите каде е потврдена болеста, под надзор на ветеринарните инспектори, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Сточарите загрижени за добитокот Сточарите од источниот регион велат дека ги превземаат сите мерки за да ги заштитат говедата од оваа болест. Засега не се известени кога ќе почне вакцинирањето на говедата. -Јас сум од Чардаклија и во нашето село нема заболени говеда. Но ние користиме препарати за прскање, за дезинсекција во фармите од комарци, хигиената во фармите ја држиме на високо ниво. Еднаш неделно доаѓаат ветеринарни доктори да ни кажат што треба да превземаме. Ни кажаа дека чекаат да стигнат вакцините.Не знаеме дали вакцината ќе биде на наш товар или на државата, чини 150 денари по грло, но како и да е и ние да треба да ја платиме ќе ја платиме само да си го заштитиме добитокот, оти ние од тоа живееме. Сме инвестирале толку години, во фарми, во лактофризери, во добиток и сега се да пропадне, што ќе правиме. Јас имам 80 говеда, јас од тоа живеам, вели Трајчо Трајчев, од штипското село Чардаклија. kravi Од Агенцијата пак изјавија дека вакцините ќе стигнат дури за еден месец.Во меѓувреме порачуваат градоначалниците да прскаат против комарци и ларви за да не се шири болеста, а сточарите да го применуваат „Упатството за примена на биосигурносни мерки на одгледувалиште, заштита на животните од убоди од инсекти и безбедно користење на ѓубриво од животинско потекло“. -Бидејќи станува збор за исклучително опасна болест кај говедата која многу лесно може да се прошири, што би значело и одземање и убивање на заболените животни од сточарите како една од основните мерки за заштита и спречување на ширењето на болеста, Агенцијата за храна и ветеринарсво апелира до сточарите навремено да ги преземат биосигурносните мерки на фармите. Доколку имаат потреба од било каква консултација во врска со болеста или за преземањето на препорачаните биосигурносни мерки кои треба да ги преземат, сточарите можат да се обратат до официјалните ветеринари на Агенцијата за храна и ветеринарство и до ветеринарните друштва, велат од Агенцијата. Дали надлежните реагираа навреме? Опозицијата обвини дека  Агенцијата за храна и ветеринарство доцни со  мерките за спречување на болеста, иако знаела за болеста дури сега се набавуваат вакцини. Од кабинетот на дополнителниот заменик-министер за земјоделство Љупчо Николовски велат дека за можното ширење се предупредило уште лани на годишната конференција во организација на Европската Унија, кога болеста била регистрирана во Грција. kravi12 -Ќе биде тешко за сточарите. Ќе има масовно угинување, и бидејќи мерките се такви  ќе мора да се убиваат и грлата. Сетоа е затоа што не е набавена вакцина и не се превземени мерките и не е почнато навремено вакцинирање на животните. Ќе има намалувбање на сточниот фонд и на индиректните штети по самите сточари, вели Зоран Атанасов, советник во кабинетот на дополнителниот заменик-министер за земјоделство  Николовски. Според проценките на Агенцијата за храна и ветеринартсво болеста „јазлеста кожа“ може да се заразат околу 3.000 животни. Досега оваа болест е регистрирана во осум општини во земјава генерално во истичниот регион. За 12 животни е добиена лабораториска потврда дека се заболени, а 235 се усмртни . Оваа болест прв пат се појавува во Македонија. Ланското се појави болеста „син јазик“,  која беше регистрирана во над 40 општини а угинаа над 2.000 грла, од кои најмногу овци а помалку говеда. И оваа болест се пренесува преку мушички и комарци.Ваквите болести се погубни за ионака намалениот добиточен фонд, а најголеми штети  претрпуваат сточарите. И додека во Македонија дури следниот месец се очекува да стигнат вакцините во соседните земји вакцинацијата веќе почна. Така во Бугарија тамошната Агенција за ветеринарство почна со вакцинација на говедата кон крајот на минатиот месец. Т.С

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?