Млекарите со трактори го блокираа Брисел
Објавено во: Агробизнис 26 Ноември, 2012 13:54
Стотина производители на млеко од неколку земји на ЕУ денеска со трактори го блокираа плоштадот Шуман во Брисел, за да протестираат против ниските цени на млечните производи.
Производителите на млеко од Белгија, Холандија, Германија и Франција во рамки на акцијата „1.000 трактори“ го затворија приодот кон европските институции, а планираат и движење на штрајкувачката колона низ центарот на градот.
Градските власти на Брисел ги предупредија граѓаните денеска да не користат автомобили, бидејќи сообраќајот ќе биде блокиран поради протестите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





