05 Декември, 2025
0.0685

Млеката на Дукат со намалена цена и светско признание за исклучителен вкус

Објавено во: Агробизнис 31 Мај, 2013 10:39

Добивај вести на Viber

Дукат трајното млеко со 2,8% масленост е меѓу наградените производи на Дукат со златни ѕвезди за исклучителен вкус на годинешното тестирање кое го спроведува Меѓународниот институт за вкус и квалитет од Брисел

Млеката на Дукат кај потрошувачите во Македонија, во текот на месец јуни ќе се продаваат по пониска цена. Конкретно, трајните млека на Дукат со 2,8% и 0,5% млечна маст ќе се продаваат по промотивна препорачана цена од 45 денари за литар, со што намалувањето на малопродажната цена надминува 10 проценти. - За оваа одлука за намалување на цената имаме двоен повод. Првиот е Светскиот ден на млекото, а вториот е исклучително високата оценка од меѓународните авторитети за тестирање на вкусот и квалитетот на омиленото трајно млеко на потрошувачите ширум регионот и во Македонија. Ваквиот огромен успех на Дукат заслужува да биде споделен со нашите потрошувачи, изјави Благоја Слабев, генералeн директор на Дукат во Македонија. Имено, трајното млеко на Дукат со 2,8% м.м. е наградено со две златни ѕвезди за неговиот исклучителен вкус од страна на Меѓународниот институт за вкус и квалитет (кратенка iTQi) со седиште во Брисел, во рамки на годишното тестирање во кое учествуваат над 1200 прехранбени производи и пијалаци од реномирани производители ширум светот. Покрај трајното млеко на Дукат со 2,8% м.м., награди на годинешното тестирање за вкус и квалитет од страна на iTQi добија уште 10 млечни производи на Дукат, меѓу кои: Дукат јогуртот со 2,8% масленост, јогуртите SenSia и b.Activ LGG, Dukatela classic, сирењето Sirela Podravec и други. iTQi - Меѓународниот институт за вкус и квалитет од Брисел секоја година, спроведува ригорозни тестирања на најраспространетите и популарни прехранбени производи и пијалаци, и врз основа на резултатите ги издава наградите за супериорен вкус („Superior Taste Award“). Тестирањето го спроведува специјална жири комисија составена од врвни кулинарски експерти и сомелиери од 15 најпознати Европски асоцијации. Целосните резултати од годинешното тестирање се објавени на www.itqi.com

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?