Добивај вести на Viber
Пауза во преговорите со Грција за деблокада на новата транша финансиска помош, најавија Меѓународниот монетарен фонд , Европската унија и Европската централна банка.
-Ќе направиме пауза во тие преговори и ќе ги презакажеме за следните недели“, се вели во соопштението на тројката чии членови престојуваат во Атина, со цел да спроведат нова ревизија.
По ревизијата би требало да биде донесена одлука за деблокада на новата транша во рамките на планот за помош на таа земја, која изнесува околу 170 милиони евра.
Тројката кредитори паузата ја објаснува со техничките прашања, преку кои гарантира дека преговорите со грчките власти напредуваат добро кога станува збор за примена на потребните економски мерки во замена за финансиска помош.