17 Декември, 2025
0.0761

ММФ ги предупредува земјите од еврозоната за сериозните економски проблеми

Објавено во: Економија 26 Јули, 2013 10:52

Добивај вести на Viber

Земји од еврозоната можат да се соочат со сериозни проблеми, доколку не сторат повеќе за да го поттикнат економскиот раст ги предупреди  Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Фондот смета дека мерките што ги спроведуваат владите во еврозоната за да ги зајакнат државните финансии може да ја намалат стапката на раст годинава до 1,25 процентни поени.

Прогнозата на ММФ вели дека еврозоната ќе остане во рецесија втора година по ред – за 2013 се предвидува натамошен пад од 0,6 проценти, и враќање кон растот со стапка од 0,9 проценти во 2014

Фондот бара да се намали големата разлика во стапките на кредитите за претпријатијата, што постои меѓу северот и југот од еврозоната.

ММФ наведува дека земјите кои како валута го користат еврото оствариле напредок на полето на поттикнување доверба во долгорочниот опстанок на монетарната унија.

Заздравувањето, меѓутоа, и натаму е слабо, поради тензиите на финансиските пазари, високите трошоци на задолжување на малите претпријатија во време на економска слабост, како и поради колебање на потрошувачите да трошат, додава Фондот.

Исто така, се препорачуваат многу евтини кредити, особено за за малите и средните претпријатија или директно купување на одредени приватна имоти.

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас