ММФ ОБЈАВИ ЦРНИ ПРОГНОЗИ! Германија ја чекаат тешки денови, оваа состојба може да трае со години!
Објавено во: Економија 17 Мај, 2023
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) предвидува дека Германија ќе забележи низок економски раст во следните неколку години, пишува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ (ФАЗ).
Германската економија оваа година најверојатно ќе стагнира, додека растот во периодот од 2024 до 2026 година ќе биде меѓу еден и два отсто, се наведува во извештајот на меѓународната финансиска организација.
Долгорочно, просечниот годишен раст ќе биде под еден процент годишно.
Краткорочно, високите цени на енергијата се најголемиот товар за многу компании. Долгорочно, најголем проблем ќе биде стареењето на населението и забавувањето на растот на производството.
- Има многу неизвесност - според експертите на ММФ кои собраа податоци за Германија во првата половина на мај.
Инфлацијата треба да продолжи да се намалува, но ќе остане висока. Се очекува до крајот на годината да падне на околу 4,5 отсто, што е значително помалку од 7,6 отсто колку што изнесуваше во април, додека т.н. структурната инфлација да се намалува побавно.
Фискалната политика сепак ќе мора да биде претпазлива за да се избегнат скокови на стапката на инфлација. Мерките за помош за посиромашните делови од населението кои не можат да си ги дозволат високите цени на енергијата мора да бидат попрецизно насочени, велат од ФАЗ.
Истовремено, ММФ ги пофали германските власти дека „добро се справиле со енергетската криза откако Русија престана да испорачува гас“, додавајќи дека помогнала и благата зима.
Европската комисија ден порано ги објави пролетните економски прогнози, кои за повеќето земји се пооптимистички од оние од минатата зима, но не и за Германија.
ЕК очекува дека само Естонија, чиј БДП се предвидува пад од 0,4 отсто, ќе има послаби економски показатели од Германија, која заедно со Финска ќе забележи раст од само 0,2 отсто.
Федералната влада очекува економскиот раст во Германија оваа година да биде 0,4 отсто, пренесува FAZ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.