ММФ се понуди да и помогне на Србија
Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2013 13:50
Преку финансиски аранжман или консултации, Меѓународниот монетарен фонд е подготвен да ја поддржи Србија , со цел да се намали долгот на среден рок, изјави Џејмс Роаф, претставник на ММФ за централна и источна Европа.
- Ние сме подготвени да ги поддржиме онака како што им одговара, истакна Роаф.
Тој додаде дека доколку Србија сака совет, ММФ ќе и го даде, а доколку сака финансиски аранжман и на тоа може да поработи.
Роаф истакна дека економскиот раст во регионот следната година би требало да биде повисок, но дека се уште постојат значителни ризици.
- Проценуваме дека речиси сите земји во регионот ќе имаат поголем раст следната година и тоа со помош на закрепнувањето во Западна Европа, додаде тој.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




