ММФ: Светот ќе се подели на непријателски економски блокови
Објавено во: Економија 05 Мај, 2023
Ризикот од колапс на глобализираната економија во непријателски блокови расте се повеќе и повеќе.
Сепак, ќе испадне дека таквиот развој на настаните е штетен за сите, изјави директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева на форумот во Брисел.
„По една деценија развој на глобалната интеграција, постои зголемен ризик светот да се подели на непријателски економски блокови. Тоа сценарио ќе биде погубно за сите, вклучително и за жителите на Европа“, рече таа, пренесува Спутник.
Директорката на ММФ ја окарактеризира актуелната состојба како опасен момент во историјата и додаде дека опасноста од раскол расте паралелно со растот на светската економија и со темпо под историските стандарди.
Во април Фондот прогнозираше влошување на глобалниот раст во 2023 година за околу 2,8 отсто, а во текот на 2024 година тој ќе изнесува три отсто.
Меѓународната организација предупреди дека веројатноста ова ниво да се намали на под два отсто на крајот на оваа година е 25 отсто.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.