05 Декември, 2025
0.0282

ММФ: Владата го призна долгот, но сега треба и да ги врати заостанатите обврски!

Објавено во: Економија 18 Декември, 2012 12:01

Добивај вести на Viber

Кризата во еврозоната може да предизвика сериозни последици и во Македонија, засега надворешната стабилност е задржана, а според проценките на Меѓународниот монетарен фонд, по забавувањето на економијата годинава, за 2013-та може да се очекува раст од 2%. Од ММФ го пофалија признавањето на јавниот долг од страна на Владата, но побараа транспарентност во неговото сервисирање, а предупредија и дека во иднина поради кризата ќе има силни притисоци врз надворешното финансирање и ликвидноста на банките во земјава. „Во 2012 година се забележува значително забавување на растот како резултат на слабата домашна и надворечна побарувачка.Aктивностите се намалија во првата половина на годината, но обновената градежна активност придонесе за позитивен тренд во втората половина, при што се очекува растот за целата година да биде нула. Се очекува активностите да се зголемат во 2013 година и да се постигне раст од 2%, поттикнат од приливот на странски директни инвестиции и јавните инфраструктурни проекти“, велат од ММФ во своите прелиминарни заклучоци по посетата на нивната делегација во Македонија од 12-ти до 17-ти декември. „Влијанието на приходите врз забавувањето во 2012, како и кумулативно од започнувањето на глобалната криза е значително. Властите реагираа преку намалување на нивото на трошоци преку ребалансот на буџетите, но дополнителниот притисок од преземените, но сè уште небуџетирани трошоци доведе до задоцнување во исплатата на обврските. Намалувањето на финансиските ограничувања дозволи привремено зголемување на таргетот на дефицитот на околу 3,5% од БДП, за да може да се овозможи исплатата на заостанатите обврски, која веќе е започната од средината на септември. Јавното признание за заостанатите обврски е чекор за поздравување, а понатамошната транспарентност во однос на состојбата на заостанатите обврски, состојбата со нивното сервисирање, како и стратегијата на власта за понатамошна превенција би го помогнале кредибилитетот на фискалната рамка. Расчистувањето на задоцнетите плаќања на јавниот сектор ќе придонесе за поттикнување на ликвидноста и на платежната способност на претпријатијата“, велат од ММФ. Според ММФ, банките остануваат добро капитализирани и ликвидни , со целосно резеривирани нефункционални кредити како и со коефициент на кредитите во однос на депозитите, на ниво под 1. Тие предвидуваат дека кредитниот раст веројатно ќе остане на умерено ниво во 2013 година, со оглед на продолжувањето на несигурноста во однос на состојбата, како и со оглед на одржувањето висока неподготвеност на банките да преземаат дополнителни ризици. „И покрај тоа, понудата на кредити не е веројатно да претставува критички ограничувачки фактор врз економскиот раст, којшто се очекува да биде примарно поттикнат од странските инвестиции, како и особено од јавните инвестиции финансирани однадвор“, велат од ММФ. Оттаму повторија дека Македонија не е изолирана држава, односно како главен ризик ја наведуваат кризата во еврозоната која може да доведе до притисоци врз тековната сметка, надворешното финансирање и ликвидноста на банките во земјава. Ги поздравуваат досегашните активности, но бараат будност на властите и на Народната Банка во случај на поголеми финансиски потреси. Целта на последната посета на ММФ во Македонија беше оценка на економските и финансиските услови, како и разговори за економските политики на власта.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката