05 Декември, 2025
0.0320

ММИ бара да се заштити правото на продуцентите и изведувачите

Објавено во: Мои пари 22 Јануари, 2013 13:09

Добивај вести на Viber

Похрабро да излезе и да го заштити правото на изведувачите и на продуцентите, ова е пораката на Бодан Арсовски до Министерството за култура. -На сите напади и клевети кон Македонската музичка индустрија-ММИ, често пати неосновани, очекувавме поголема заштита од Министерството. Требаше да заземат појасен и поконктетен став дека ова право е право кое мора да се остварува. Министерството е тоа што ги пропишува правилата како тоа да се прави и дека тоа треба да се оствари, вели Арсовски, звршен директор на ММИ. Тој додава дека се најавува и менување на Законот, кој досега воопшто не заживеа, а веќе се менува, што, според него, е чудно. Арсовски на прес-конференцијата се осврна на дводневната регионална конференција за заштита на сродните права на произведувачите на фонограми, уметниците музички изведувачи, што се одржа во Скопје, а на која учествуваа претставници на здруженија за колективно управување на правата од Словенија, Хрватска, Косово и Македонија. Според него, искуствата од регионот покажуваат дека заштитата на колективните и сродни права е единствениот и вистинскиот пат кон модерна заштита на интелектуалната сопственост, што Европската унија ја очекува и од Македонија. Паоло Свеци, директор на Хрватското здружение на изведувачи праша дали е праведно некој во Македонија да заработува од музика, а да не мора да плати. - Разочаран сум што политичарите во Македонија го опструираат спроведувањето на законот. Осумдесет до деведесет отсто од програмата на радио станците е музика, а тие не сакаат да платат за користење. Тоа се минимални трошоци. Во Хрватска имавме кампања - цел ден музика во кафулињата по цена на едно кафе или весник, истакна Свеци. Кога ќе слушнете хрватски, англиски или американски изведувач во Македонија, посочи тој, таа музика за сопственикот на радио станицата е бесплатна. - Она што јас сакам да го доживеам е во Македонија да не се зборува дали тоа треба да се плати, може да се зборува евентуално за тоа колку треба да се плати. Дали треба да се плати тоа го пишува во Законот, кој во Македонија е донесен пред многу години, а 10 години подоцна ние зборуваме дали треба да се плати. Тоа е цивилизациски срам, додаде Свеци. Грегор Штиберник од Здружението на изведувачи на Словенија, изрази надеж дека свеста ќе се промени и посочи дека ниту едно кафуле во Македонија не е без пари за да не може да плати цена за музика колку што е цената на едно кафе. - Најбитен елемент на некоја современа земја е интелектуалната сопственост и Македонија ќе се разликува од другите земји по својата музика, храна итн. Според истражувањата, музиката е побитна од ентериерот во кафулето. Се што бараат изведувачите и производителите на фонограмите за своите сродни права од радио станциите е четири пет отсто од приходите да користат за користење 80 отсто музика, рече Штиберник. Тој потенцира дека во Словенија радио станциите плаќаат 50 центи за еден час музика, а во Македонија таа цена би била уште пониска.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker