20 Јануари, 2025
0.0313

МНОГУ АГЕНЦИИ НЕ ЈА РАБОТАТ ОВАА ДЕСТИНАЦИЈА: Евтино за Германците, скапо за нас

Објавено во: Економија 18 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Многу македонски агенции не ја работат Хрватска како дестинација за одмор, или пак доколку нудат аранжмани интересот е многу слаб.

Велат дека причини за ваквата состојба има повеќе, но првенствено се премислуваат поради далечината, но и високата цена. Многу македонски граѓани не можат да си дозволат да летуваат во Хрватска, а за сметка на тоа ја бираат Грција, поради евтините цени и близината.

„На прсти се бројат агенциите кои ја работат Хрватска, оние кои имаат склучено договори. Интересот е многу слаб последните години. Хрватска е пребукирана од туристи од други земји. За нашите граѓани исто така е многу скапа и затоа ја избегнуваат“, велат од скопска агенција.

Од струмичка агенција велат дека струмичани, Хрватска ретко ја избираат за одмор, а популарни се Крф, Тасос, но годинава има интерес и за Хургада.

„Во Хрватска цените се високи, а ништо посебно не нудат во хотелите, и плус многу работи се доплаќаат, дали ќе е тоа игралиште во самиот хотел или нешто друго. Оние кои оделе во апартмани не се многу задоволни од љубезноста, плус далеку е, и кога сите фактори ќе се сумираат интересот за летување е мал. Семејните луѓе ја бираат Грција поради близината, цените и поради топлата вода“, додаваат од оваа агенција.

Од туристичка агенција во Битола велат дека интерес има за Црна Гора, но за Хрватска луѓето одат единствено доколку за празник има аранжман од два – три дена.

„Цената си има голема улога, и затоа Хрватска не е толку популарна“, наведуваат оттаму.

Од штипските агенции додаваат дека аранжмани нудат, но интересот е слаб за Хрватска.

„Секоја година од клиентите околу 5% ја избираат Хрватска. За нашите граѓани важи за скапа дестинација, и само за сместување за 10 дена еден човек треба да одвои 300 до 400 евра, плус ќе има и други трошоци“, додаваат од штипска агенција.

Сепак, сите се согласни дека последните неколку години македонските граѓани многу послабо летуваат во Хрватска за разлика од претходно.

Во април годинава во Хрватска имало 1.1 милиони туристички посети или за 16.4% раст во однос на април 2018 година. Овој податок е објавен на веб страницата на Министерството за туризам на Хрватска. Најбројни гости се Германците. Од Германија во април имало 136.000 посети. Зад Германците следат Австријците, Словенците, Италијанците, Британците, Французите, Полјаците и Американците. Најинтересен за посета во април за странците бил градот Дубровник, каде имало 331.000 ноќевања. Ако се гледа возраста, доминираат туристите на возраст од 45 до 54 години. 

Сања Атанасовска

фото Википедија

Можеби ќе ве интересира

ЕСМ: Нормализирана е испораката на топлинска енергија

ЕСМ: Нормализирана е испораката на топлинска енергија

ИЗБРАНИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ГЕРМАНСКИ РАБОТОДАВЦИ: На прво место е компанијата која е присутна и во Македонија

ИЗБРАНИ СЕ НАЈДОБРИТЕ ГЕРМАНСКИ РАБОТОДАВЦИ: На прво место е компанијата која е присутна и во Македонија

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ - бензините ќе се продаваат за денар и пол повеќе од претходно, еве колку ќе поскапи дизелот

ГОРИВАТА ПОСКАПУВААТ - бензините ќе се продаваат за денар и пол повеќе од претходно, еве колку ќе поскапи дизелот

Со пари од унгарскиот заем исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година

Со пари од унгарскиот заем исплатена Еврообврзницата во износ од 500 милиони евра издадена во 2018 година

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ „СМРЗНАА“: Загуби на вода ги оставија скопјани без парно

ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ „СМРЗНАА“: Загуби на вода ги оставија скопјани без парно

КАУФЛАНД СЕ ШИРИ, ОТВОРА НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Новини на неколку атрактивни локации

КАУФЛАНД СЕ ШИРИ, ОТВОРА НОВИ ПРОДАВНИЦИ: Новини на неколку атрактивни локации

ИМАА 100 ПРОЦЕНТИ ПОПУСТ ЗА ВОЗ, НО ЕЛИТАТА ОД ЕУ МАСОВНО ПРИСТИГНУВА СО ПРИВАТНИ АВИОНИ: А, во Давос ќе разговараат и за климатските промени

ИМАА 100 ПРОЦЕНТИ ПОПУСТ ЗА ВОЗ, НО ЕЛИТАТА ОД ЕУ МАСОВНО ПРИСТИГНУВА СО ПРИВАТНИ АВИОНИ: А, во Давос ќе разговараат и за климатските промени

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО МОЖЕ ДА ЈА КУПИТЕ МЕЛАНИЈА: По стапките на сопругот, и американската прва дама лансираше криптовалута

СЕГА И ОФИЦИЈАЛНО МОЖЕ ДА ЈА КУПИТЕ МЕЛАНИЈА: По стапките на сопругот, и американската прва дама лансираше криптовалута

„ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА“ СО УШТЕ ПОГОЛЕМА ЗАВИСНОСT? Во 2025 влеговме со зголемен увоз на електрична енергија

„ЗЕЛЕНА ТРАНЗИЦИЈА“ СО УШТЕ ПОГОЛЕМА ЗАВИСНОСT? Во 2025 влеговме со зголемен увоз на електрична енергија