29 Септември, 2024
0.0254

МНОГУ ДЕЦА НЕ МОЖАТ ДА ЗБОРУВААТ: Бекирова објаснува какви последици ќе имаат луѓето во Турција од преживеаните трауми

Објавено во: Балкан 23 Февруари, 2023

Добивај вести на Viber

Медиумите јавија дека многу деца во Турција по разорните земјотреси, не можат да зборуваат поради доживеаната траума.

Наташа Бекирова, психолог и семеен советник од Психомедика онлајн платформа вели дека овие деца беа сведоци на страшни сцени, изгубија блиски, поради што уште долго ќе имаат траума и ќе им треба помош. Сето тоа е премногу за децата кои не можат да ја разберат новонастанатата ситуација.

„Според психолошката хиерархија на потребите, најбазични и најургентни се физиолошките потреби, потребата за храна, вода, за воздух. На второ место исто така многу знајчајна е потребата за сигурност, безбедност, заштита. За жал, она што се случи на турското тло беше дека всушност децата долги часови беа под  рушевини, заглавени, во агонија, без блиски, без храна, без вода.. Голем дел од нив ги изгубија родителите, братчиња, сестричиња.. Целиот свет којшто претходно бил стабилен и постојан, полн со предвидливост и сигурност наеднаш го снемува, а детското мозоче нема капацитет рационално да ја разбере целата новонастаната ситуација. Токму затоа, сè ова е еден силен трауматски настан, преполн со страв и несигурност кој може да доведе до тешки моментално видливи последици како пелтечење, губење на говорот, но понатаму и детска депресија и анксиозност. Децата во рана возраст исклучиво ги обработуваат своите искуства преку игра, може да се јави повторувачка игра, а со тоа може повторно и одново да ги преживуваат трауматските настани на овој начин заглавени во тој процес што ако не се реши како таков, може да го промени развојот на мозокот и системот за одговор на стресот на телото“, објаснува Бекирова.

Додава дека во овој момент на децата треба да им се обезбеди колку што е можно постабилно и сигурно секојдневие, по можност со роднини и блиски луѓе.

„Многу е важно во блиска иднина на овие дечиња им се понуди стручна помош каде ќе можат преку игра, цртање, моделирање, игри на улоги да се работи на стравот, тагата и како да се справат со нив. Веројатно е дека дечињата кои беа сведоци на земјотресите, уште извесно време ќе си ги носат во себе трауматичните настани. Исклучително важно е да се превземат сите можни мерки за психолошка помош и поддршка на децата, но и родителите“, рече Бекирова.

Месецов во Турција имаше над 7.000 потреси. Погодена беше и соседната Сирија. Луѓето ги изгубија своите домови, работните места, загинаа и цели семејства.  Дел од луѓето кои спасувачите ги извадија од под урнатините после неколку дена по земјотресот, починаа на пат кон болница или во болнички услови. Геолошкиот институт на САД тврди дека земјотресите во Турција и Сирија можат да траат со денови, месеци или години. 

Сања Атанасовска

foto EPA-EFE/ERDEM SAHIN

Можеби ќе ве интересира

„Поројот носеше се пред себе, патиштата уништени“: застрашувачки сцени во Обровац (ВИДЕО)

„Поројот носеше се пред себе, патиштата уништени“: застрашувачки сцени во Обровац (ВИДЕО)

РУСИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ МАСОВНО ДА КУПУВААТ СТАНОВИ ВО СРБИЈА - само годинава вложиле 85 милиони евра во недвижнини

РУСИТЕ ПРОДОЛЖУВААТ МАСОВНО ДА КУПУВААТ СТАНОВИ ВО СРБИЈА - само годинава вложиле 85 милиони евра во недвижнини

ХОРОР НА КРФ - маж пронајден мртов во сопствената куќа, крвава облека фрлена во корпа за отпадоци, припаѓа на неговата ќерка (11)

ХОРОР НА КРФ - маж пронајден мртов во сопствената куќа, крвава облека фрлена во корпа за отпадоци, припаѓа на неговата ќерка (11)

ПОПЛАВИ ВО ЗАГРЕБ - големо невреме во Хрватска, сообраќајот парализиран, улиците полни вода

ПОПЛАВИ ВО ЗАГРЕБ - големо невреме во Хрватска, сообраќајот парализиран, улиците полни вода

ГОНЗАТО: Тирана станува регионален главен град

ГОНЗАТО: Тирана станува регионален главен град

ШТО ТОА САКА ДА КАЖЕ МИЦОТАКИС? „Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби на Балканот

ШТО ТОА САКА ДА КАЖЕ МИЦОТАКИС? „Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо повеќе од тоа да предизвикаат нови поделби на Балканот

СРЕДЕ ТИРАНА ЌЕ „НИКНЕ“ СУВЕРЕНА ДРЖАВА ПОМАЛА ОД ВАТИКАН: Микродржавата на површна од 27 хектари ќе има свои граници, пасоши и администрација

СРЕДЕ ТИРАНА ЌЕ „НИКНЕ“ СУВЕРЕНА ДРЖАВА ПОМАЛА ОД ВАТИКАН: Микродржавата на површна од 27 хектари ќе има свои граници, пасоши и администрација

ВУЧИЌ: Просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра

ВУЧИЌ: Просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра

ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Србите повеќе нема да мораат да купуваат зелен картон

ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Србите повеќе нема да мораат да купуваат зелен картон