ЗА ВЛЕЗ ВО МАКЕДОНИЈА: Србите повеќе нема да мораат да купуваат зелен картон
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2024 17:58
Србите повеќе нема да мораат да купуваат зелен картон за влез во Северна Македонија.
Овој трошок за граѓаните на Србија, но и за државјаните на останатите членки на ЦЕФТА договорот, треба да се укине, вели за Курир, Здравко Илиќ, експерт за трговија со услуги во Секретаријатот на ЦЕФТА воБрисел.
„Нашиот план е во наредните две години да го отстраниме административниот трошок за зелениот картон во регионот, кој го имаат сите наши државјани при влез на пример во Северна Македонија. Иако веќе имаат платено осигурување за своето возило, сепак мораат да издвојат одредена сума. Притоа, не плаќате никакво осигурување, туку добивате потврда дека имате осигурување,“ истакнува Илиќ.
„Направивме план и го ставивме на маса. Се надеваме дека ќе биде усвоен. Дадовме рок од две години, но мислам дека може да се случи и порано. Во принцип, сѐ е договорено, а на претстојниот министерски состанок во декември сѐ треба да биде официјално потврдено.
Сѐ започна во Софија во 2020 година, а укинувањето на зелениот картон не беше предлог на Секретаријатот, туку на една од владите на земјите-членки на ЦЕФТА.“
„Ние понатаму ја анализиравме состојбата и разговаравме со Европската асоцијација за осигурување на возила за тоа како може да се реши овој проблем. Во Србија тоа е дел од регистрацијата, но не е така во сите земји. Има земји каде што регистрирано возило не значи автоматски и осигурено. Нивниот систем едноставно не функционира така“ – вели Илиќ.
Предлогот, како што тврди тој, е договорен во форма на препорака на Заедничкиот комитет на ЦЕФТА.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




