ВУЧИЌ: Просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра
Објавено во: Балкан 25 Септември, 2024 18:59
Според српскиот претседател Александар Вучиќ, просечната плата во декември во Србија ќе биде 900 евра.
Како што кажа тоа е трипати повеќе за 10 години.
„Мораме да притискаме, добро е што се носи ребалансот, наскоро ќе влезе во буџетот, се надевам дека министрите ќе ги намалат апетитите, дека ја имаме стапката на јавниот долг под контрола. Се надевам дека дефицитот нема да надмине три проценти“, додаде Вучиќ.
Вучиќ изјави и дека платите во Србија растат.
„Платата на наставниците беше околу 30.000 динари, денес е околу 100.000 динари без надоместоци за стаж и други додатоци“, рече Вучиќ.
Платите растат и во други држави од регионот и се повисоки од македонските плати.фото Фејсбук/Александар Вучиќ
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




