19 Декември, 2025
0.0726

„Поројот носеше се пред себе, патиштата уништени“: застрашувачки сцени во Обровац (ВИДЕО)

Објавено во: Балкан 28 Септември, 2024 18:43

Добивај вести на Viber

Силниот дожд кој од рано наутрото врне во областа Обровац предизвика поплави, а најмногу настрадаа Крушево и Меке Драга, потврди попладнето началникот на цивилната заштита на градот Обровац, Слободан Јурјевиќ.

„За многу кратко време наврна големо количество дожд што ги преоптовари одводните канали. Поројот носеше се пред себе, оштетени се патишта и локални патишта, а водата навлегуваше и во приземните делови од семејните куќи“, додаде тој.

Екипите на Цивилната заштита и пожарникарите веднаш излегоа на терен и ги расчистија патиштата и им помогнаа на луѓето чии куќи добија вода.

За среќа дождот престана, а за утре се предвидува невреме. Сега имаме најмногу работа на јавните површини, а на луѓето ќе им обезбедиме и одвлажнувачи, рече Јурјевиќ.

Силен дожд од рано утринава паѓа во областа Новиград, каде се оштетени и патишта и приземни делови од станбени згради.


Големите количества на врнежи ги активираа сите потоци, Новиградската драга и подземните извори кои избија од домовите на луѓето, изјави Јосо Клапан, градоначалник на општина Новиград. Тој додаде дека поради дождот се поплавени многу таверни и подруми на куќи.

Огромна количина на вода се спушти од ридот. Имаме многу проблеми, им помагаме на луѓето колку што можеме. До овој момент успеавме да ги расчистиме сите патишта со оглед на тоа што патот на влезот во Новиград беше блокиран од два одрони. Во моментов се справуваме со истата ситуација во Придрага, рече Клапан.

Итните служби се на терен, а во тек е санација, односно испумпување на водата од таверните и визбите на мештаните во Новиград, додаде тој.

Фото: Принтскрин/Јутуб

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен