Многу од имунизираните граѓани на Сингапур се заразиле со коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 23 Јули, 2021 15:30
Во Сингапур голем број од новозаразените со коронавирусот се вакцинирани.
Три четвртини од инфекциите во изминатите четири недели се појавиле кај вакцинирани граѓани, а меѓу нив нема потешки случаи, покажуваат владините податоци. Експертите објаснуваат дека појавата на инфекција кај вакцинираните не значи дека вакцините не се ефикасни. Податоците покажаа дека во последните 14 дена, процентот на новозаразени вакцинирани граѓани на возраст над 61 година изнесува околу 88 отсто, што е поголем процент на инфекција отколку кај помладата популација.
Во изминатите 28 дена, земјата има 1.096 локални преноси на коронавирус. Од нив, 484 или 44 проценти се случиле кај целосно вакцинирани лица, 30 отсто од заразените се делумно вакцинирани, а 25 проценти од новоинфицираните не се имунизирани.
Во Сингапур, каде живеат 5,7 милиони луѓе, вакцинирани се скоро 75 проценти од населението. Половина од населението во Сингапур е целосно имунизирано. Таа е втора држава во светот по имунизација по Емиратите.
Сличен пример има и во Израел. Министерството за здравство на Израел објави дека ефикасноста на вакцината Фајзер против коронавирусот падна во спречувањето на инфекцијата на 39 проценти, а симптоматската инфекција на 41 процент, но сепак е релативно висока во спречувањето на тешки болести. Како што е наведено, ефикасноста во спречување на сериозни болести е 91 процент, и во спречување на хоспитализација на вакцинирани 88 проценти, јавуваат денес израелските медиуми.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите
Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро
Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат





