МНОГУ ОПЦИИ, НО СЕ УШТЕ НЕМА ОДЛУКА: Некои училишта ќе ги отворат вратите, некои со онлајн настава и од 1.септември?
Објавено во: Македонија 11 Август, 2020
Ќе се дефинираат
ли моделите за стартот на новата учебна година? И денеска остануваат многу
прашања отворени за кои ќе разговараат претставниците на Министерството за
образование и наука и Комисијата за заразни болести. И покрај тоа што главниот
збор треба да го има МОН, оттаму се уште нема конкретни одговори, а поделени
мислења имаат и голем број родители.
Некои училишта се жалат дека немале време во изминатиот месец да се подготват да ги исполнат сите протоколи за да може децата физички да присуствуваат на настава, на што од Комисијата за заразни болести, одговараат дека не е само еден месец во прашање, туку напротив цели 6 месеци, откако почна епидемијата во земјава.
И во ситуација кога и понатаму бројките на новозаразени со корона вирусот во земјава остануваат високи, Комисијата за заразни болести смета дека физичкото присуство на децата во училиштата е од огромно значење и дека навистина до сега сите училишта можеа да изнајдат безбедни решенија. Како одличен пример ги посочуваат дел од приватните училишта, за кои велат дека имаат одлични протоколи.
-Би ја навел гимназијата НОВА. На состанокот во понеделникот присуствуваше претзтавник од оваа приватана образовна институција и навистина би можел да кажам дека нивните протоколу се на највисоко ниво за безбедност по здравјето и на учениците и на сите вработени. И бројот на ученици во НОВА воопшто не е занемарлив, станува збор за околу 800 деца, а сепак ова училиште е целосно подготвено за новата учебна година и во време на епидемија. Не може дел од државните училишта да се правдаат дека немале време да го сторат истото, говорам за училишта каде нема огромен број на ученици, вели епидемиологот д-р. Александар Стојанов, член на Комисијата за заразни болести.
Истовремено, јавноста е сведок на бројни коментари од родителите кои остануваат поделени за тоа како треба да стартува новата учебна година. Дел од нив на социјалните мрежи пишуваат дека единствено би се заштитиле децата од корона вирусот ако останат во првото полугодие дома и да следат онлај настава. Други пак, не сакаат да слушнат за ваква можност, нагласувајќи дека наставниците, професорите, не се подготвени за ваков модел на учење.
-Далеку сме ние од квалитетна онлајн настава. Не може само да се натрупа материјалот и да се бараат одговори. Има содржини кои едноставно не се совладуваат со ваков начин на учење и навистина е бесмислено децата и од септември да останат дома, луто реагираат родители и наученици од основно и на ученици од средно школо со кои разговараше Фактор.
Според тоа што досега е разговарано меѓу надлежните институции, најверојатно секое училиште ќе се прилагодува на дадената ситуација поединечно. Нема да важат истите модели на функционирање во сите училишта низ земјава. Единствено што е јасно е дека онаму каде бројот на учениците е мал, ќе има редовна настава со физичко присуство, додека останатите училишта кои бројат огромен број ученици ќе мора да се договорат за една од бројните опции: сменска настава, 3-4 смени, час од по 20-30 минути, дел од учениците една недела во школо, една недела со онлај настава, децата до 10 години со физичко присуство, поголемите пред компјуте, и така натаму. Како и да е сите прашања остануваат отворени, додека надлежните не се договорат како ќе започне и дали воопшто ќе започне новата учебна година во некои од училиштата.
Анита Буховски* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.