МНОГУ ЖЕЛБИ, МАЛКУ МОЖНОСТИ: Што ќе купат пензионерите со покачувањето на пензиите?
Објавено во: Економија 05 Октомври, 2023 07:46
Пензионерите не се задовoлни од покачувањето на пензиите. Иако беа ветени 6.8 отсто, тие добија зголемување од 5.3 отсто.
Oние кои ги анкетиравме, се категорични дека заслужуваат повеќе пари. Велат дека со покачувањето кое го добија можат да си дозволат само едно пазарење плус во месецот.
„Нема ништо, тоа се само празни муабети. Јас во банка не ни прашав колкаво покачување имам. Веројатно немам повеќе од 1.000 денари плус. И за 10 отсто да покачат, пак ништо не правиме, пензиите се мали. Можеме самите себеси да се лажеме“, вели Воислав Гелиќ, пензионер.
Али Османи, пензионер објасни дека е разочаран од малото покачување на пензиите.
„Јас не се сложувам. Ако не дадат по 3.500 денари, ништо не правиме“, рече Османи.
Повозрасните граѓани велат дека ако има за политичарите, треба да има и за пензионерите.
„Разочарана сум, но не знам колку треба да се покачи. Како ќе кажат властите, така“, вели пензионерка.
Дел од пензионерите оделе на протести и понатаму планираат да протестираат за остварување на своите права.
„Ништо не можеме да направиме со тие пари и ќе одам на протести. Постојано одев на протести. Ако може да има за министрите, зошто да нема за нас? Работев 35 години, а пензија по решение земав 10.300 денари. Тешко е, половина од парите ги давам за лекови“, објаснува Ласте Димитриевски, пензионер.
Деновиве околу 97.000 пензионери кои месечно добиваа по 12.500 денари, што е најниска пензија во државата, добија екстра 662 денари. Mинистерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, кажа дека не е предвидено линеарно зголемување на пензиите, затоа што, како што рече, мора да се води сметка за стабилноста на пензискиот систем. Вели дека за година и полoвина пензиите се зголемени за 24 проценти, односно од јануари лани во согласност со усогласувањето со животните трошоци. Штипските пензионери на 11 Октомври ќе протестираат во Скопје. Пенизионерите од Штип не се откажуваат од барањата за линеарно покачување на пензиите, но тие сега бараат зголемување на пензиите за 5.000 денари.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com/boryanam
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „НЕМА ПОМОЌНА ИНСТИТУЦИЈА ОД КОМОРАТА, КОЈА ОБЕДИНУВА УСПЕШНИ ЛУЃЕ, ЛИДЕРИ И КРЕАТОРИ НА МИСЛЕЊА“
НОВ ПРЕСВРТ НА СВЕТСКИТЕ БЕРЗИ - Цените на нафтата растат
ИЗВОЗОТ НА КИНА ПРОДОЛЖУВА ДА РАСТЕ - царините ги намалија количините кон САД, но не и во останатите земји
ХАОС НА КРИТ И НИЗ ЦЕЛА ГРЦИЈА: Земјоделците блокираат аеродроми, патишта и пристаништа, еден полицаец е повреден
СЛЕДНАТА ГОДИНА СТАРТУВА ЗАКОНОТ ЗА СЕЗОНЦИТЕ - еве кои професии се опфатени и колку дена ќе смеат да работат
„ДУРИ 51 МЕСТО ВО СРБИЈА НЕМААТ АЛТЕРНАТИВА“: Хандановиќ за бензинските пумпи на НИС
Корисниците ќе имаат избор: Мета се обврзува да се придржува до законите на ЕУ
Пет професии кои се дефицитарни - високите плати се примамливи, но стручноста е неопходна





