Мнозинството Македонци навиваат за македонска платформа
Објавено во: Македонија 14 Февруари, 2017 15:24
Повеќе од половина од македонските граѓани се со став дека двете најголеми македонски партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ треба да потпишат македонска платформа по теркот на албанската платформа што ја потпишаа албанските партии.
Ова го покажува последната анкета на ТВ Телма.
За подготовка на македонска платформа се изјасниле 58,4% од анкетираните граѓани, а против биле 31,1%.
Резултатите според етничка припадност на анкетираните покажуваат дека кај Македонците 64,7% велат дека треба да има македонска платформа, а 27% се против. Кај Албанците, пак, 37,3% се „за“ македонска платформа, а 46,2%се против.
Гледано по политички партии, поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ се со најголем процент, па дури 74,8% од нив сакаат македонска платформа, а 8% се против. Кај СДСМ „за“ македонска платформа се 49,8%, а 42% се против.
Податоците од анкетата покажуваат дека кај албанските партии, најголема поддршка за македонска платформа има од поддржувачите на ДПА, и тоа 50%, а исто толку се и против таква платформа. Кај ДУИ „за“ се изјасниле 33,3%, а против се 66,7%. Од приврзаниците на Движењето БЕСА, 37% сметаат дека треба да има македонска платформа, а 40% се против. Кај Алијансата за Албанците, 26,73% се „за“, а 66,7% се против.
Анкетата е направена од 4 до 10 февруари, а мнозинството граѓани се изјасниле против нови предвремени парламентарни избори.
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот
ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје




