03 Јули, 2024
0.0288

МНР: Не е точно дека ќе потрошиме преку 900.000 евра за изнајмување на возила

Објавено во: Македонија 03 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Од Министерството за надворешни работи(МНР) негираат дека ќе потрошат повеќе од 900.000 евра за изнајмување на возила за министерската Конференција на ОБСЕ што ќе се одржи во декември во Скопје. Велат дека таа сума била само „рамковна“.

Од МНР додаваат дека станува збор за рамковен договор, а од понудувачите е побарана цената да биде дефинирана за изнајмување по ден и по возило. 

„Ова значи дека само откако ќе се исцрпат сите домашни институционални капацитети и достапни возила, ќе се изнајмат одреден број возила кои недостасуваат. Министерството интензивно планира и обезбедува возила од институциите, но заради стандардите кои се предвидени од ОБСЕ, нужно е да има резервна опција доколку истите не се обезбедат. Согласно досегашната анализа, веќе половина од потребните возила се потврдени и ќе бидат обезбедени од институциите, што значи дека ни одблиску нема да се потроши планираниот буџет од Рамковниот договор. Предвидувањата се дека нема да се потроши ни половина средства од финансиската рамка.  Понудените цени се цени кои ги дефинира понудувачот. Заради ниската достапност на возилата со потребната спецификација во толкав број, веројатноста цената на истите да биде повисока во понудата е очекувана. Наша цел е да обезбедиме што повеќе возила од институциите и на тоа интензивно се работи, но апсолутно е нужно да имаме поддршка од професионална компанија за оној дел кој ќе недостастува“, велат од МНР. 

Наведуваат дека станува збор за возила со специфични карактеристики, опрема и перформански кои институциите ги немаат во доволен број, покрај ВИП возилата, ескортни  возила, мини ван возилата и автобуси. 

„Министерската Конференцијата на ОБСЕ преставува најголемиот надворешно – политички настан што било кога е организиран во земјава. Се очекува во Скопје да пристигнат над 70 делегации со приближно 1000 чкенови на делегациите на највисоко ниво, но и дополнително високи претставници од бројни меѓународни организации. Сметаме дека е недозволиво да не се исполнат стандардите и да не се одговори на обврските кои произлегуваат од обврските за организирање на ОБСЕ  Министерскиот совет“, стои во реакцијата од МНР.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови