МНР: Нема повредени Македонци во Италија, амбасадата во Рим е на располагање
Објавено во: Македонија 30 Октомври, 2016
По силниот земјотрес утрово што повторно го погоди централниот дел на Италија Министерството за надворешни работи на Република Македонија информира дека нашата Амбасада во Рим е во постојан контакт со надлежните институции и во моментов нема информации за повредени граѓани.
Министерството за надворешни работи, воедно ги известува сите заинтересирани дека за прашања поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Италија, можат да се обратат на дежурните телефони во Амбасадата на Република Македонија во Рим, Италијанска Република, како и во Министерството за надворешни работи.
Амбасада на Република Македонија во Рим:
Лица за контакт: Емилија Николовска
Мобилен телефон: 00393889050310
Лице за контакт: Семра Рамадани Алими
Мобилен телефон:00393485273136
Адреса: Via Bruxelles 73/75, 00198 Rome Е-пошта: rome@mfa.gov.mk
Министерство за надворешни работи
Лице за контакт: Силвана Ивановска
Мобилен телефон: +38972 239 052
Е-пошта: silvana.ivanovska@mfa.gov.mk